Одложена егзекуцијата на мечките-убијци
Италијнскиот Врховен суд ја запре егзекуцијата на две мечки-убијци, „осудени“ од еден суд во северна Итлија да бидат убиени, откако на смртната пресуда реагираа активисти од групите за заштита на животните.
Вакват одлука ја подели домашната јавнот, затоа што мечките-убијци беа осудени откако едната , во март годинава, уби еден џогер во пределот на италијанските Алпи, во провинцијата Трентино, додека другата нападна и тешхо повреди планинар во истиот реон, еден месец подоцна.
Ново судење за мечките
Специјални екипи тргнаа во потера по дивите животни и успеле да ги откријат и да ги заробат.
Подоцна судот во градот Тренто одлучи и двете опасни животни да бидат убиени, затоа што се закана за луѓето- посетители, плнинари и џогери кои во не мал број се движат по патеката на која беа нападати двете настрадани лица.
Врховнит суд, меѓутоа, ја запре ликвидацијата и наложи ново преразгледување на случајот , откако првичната пресуда ја оквалификува како „несоодветна“ на италијанските правилаа.
Убиениот џогер е првата жртва, убиена од мечка во Италија, после неколку децении, а кога се случи и вториот напад, во јавноста се појави силен гнев и барања – дивите животни да се убијат.
Револт кај локалното население
Претседателот на општината има признаено дека мечките требало ваднаш да се ликвидираат, а не да се заробат. Така сега мислат и сите оние кои не се задоволни од решението на Врховниот суд.
Според нив, заканата за планинарите- а тие се гости и туристи кои носат приход за лугето во општинта – сега се одново изложени на закана , затоа што по одлуката на судот, дивите живеотни се пуштени во планините , во реонот на Доломитите, северно од градот Тренто.
Сето тоа не значи дека мечките-убијци се помилувани. Првостепениот суд одново треба да пресуди за нивната судбина, после проверката на докзаит за нивната вина. Судот очекува и мислење на групите за заштита на животинскиот свет, за тоа што тие мислат- како да се казнат убијците.