Почина Џејн Биркин – „икона на шеесетите“
Пејачката и актерка Џејн Биркин, често пати означена како „икона на доцните шеесетите на седумдесетите години“ почина во Париз , во 76-тата година од животот.
Англиско-француска ѕвезда стана „икона на посебниот стил на тоа време“ , посебо откако професионално и приватно се врза за францускиот композитор и музичар Серж Гензбур.
Родена е во Лондон, но слава како пејачка има направено пеејќи на француски јазик, по напуштањето на Британија и преслбата во Франција во седумдесетите години , каде има примено француско државјанство.
Според париските медиуми Биркин е најдена мртва во својот париски стан.
Од врската со Гензбур ќе се изродат бројни песни , но и таа и тој најмногу се паметат по францускиот и светски хит- „Je t amie …moi non plus”. Овој дует е снимн во далечната 1968 година, означен како еротизирана музичка нумера која долго, се до денес остана препознатлива и за двајцата.
Биркин и Гензбур останаа заедно 12 години, но како што тоа се вели во нивниот свет, останаа и понатаму блиски, па тој продолжи да прави песни за неа.
Таа во меѓувреме оствари неколку забележителни улоги во филмови, секогаш глумејќи на англиски јазик.Во култниот филм „Blow Up”, како и во една од филмските екранизации на романот „Смрта на Нил“ на Агата Кристи, од 1974 година , како и во филмот „Зло под сонцето“ од 1982 година,
Џејн Биркин беше позната и како фотомодел и како манекенка.
Во 2021 година има претрпено мозочен удар , по што почна да се повлекува од јавноста.