Најтоплиот ден во светот беше на 3 јули
Понеделникот на 3 јули е означен за најтоплиот ден на Планетата откако се мери и се регистрира температурата на воздухот. Така тврди американскиот Национален центар за временски прогнози и за човекова околина, повикувајќи се најновите мерења на температурите на глобално ниво.
Според овие мерења, на 3 јули, на ниво на целиот свет, просечната температура инесувала 17,1 степени Целзиусови, со што бил надминат досегашниот рекорд забележан во 2016 година.
Тогашното мерење покажало дека просечната глобална температура изнесувала 16,9 степени. Било речено дека на тој ден бранови од топлина се рашириле на сите страни од светот.
На годинешново мерење, на 3 јули, јужните делови на САД беа зафатени со т.н. топлотна купола која, инаку, е присутна во изминатите неколку недели.
Станува збор за природен феномен што поедноставено се објаснува како некаква „планина од топол воздух“ , што заседнала над една поширока територија, која е предизвикана од воздушните струи во горните делови од атмосферата.
Во истовреме, во Шпанија, во Европа, со недели трае жешкото време, посебно на југот од земјата, со мошне високи температури кои и во Мадрид се имаат искачено до 45 степени Целзиусови.
Кина, од своја страна, долго време е изложена на температури кои не се спуштаат под 35 степени. А, температури повисоки од просекот за ова време на годината, што на јужната полутопка е означено како зима, дури и на Антарктикот.
Во истото ова време, во делови од Аргентина, во Јужна Америка, температурата се има спуштно до само осум степени.
Експерти, од британскиот Гретам империјал колеџ велат дека станува збор за ситуација што се оквалификува како „смртна закана“ за луѓето и за екосистемите.
Научниците , меѓутоа, се согласуваат дека оваа ситуација и забележувањето нов светски рекорд на просечната темпаратура е последица на климатските промени, но за измерените 17,1 степени на 3 јули, заслуга има и временскиот феномен „Ел Нињо“.