Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Топлотен удар во Шпанија

Топлотен удар во Шпанија

Неколку денови по ред, Шпанија е погодена од првите поголеми летни горештини и од силен топлотен бран, со екстремно високи температури што се искачуваат и до преку 40 степени Целзиусови.

Во главниот град Мадрид, на пример, во некои негови  делови  и околината , во понеделникот, биле регистрирани и 45 степени, а локалните медиуми јавуваат дека вака високи температури , невообичаени и за оваа земја, се забележени и во Севилја , како и во Кордоба, на југот од Шпанија.

Вонредна состојба во делови од земјата

Во вакви услови лугето и бројните туристи кои се наоѓаат на посета, или се на одмор,  се снаоѓаат како знаат и умеат- најчесто разладувајќи се во фонтаните по градовите, користејќи ја притоа и водата со која се одржуваат тревниците по парковите и трошејќи огромни количини вода за пиење.

Прогласена е вонредна состојба во неколку делови од земјата, а шпанскиот институт за метеорологија има издадено предупредување  во осум од 17 автономни управи.

Во реонот на Андалузија, на југот од земјата , специјални екипи на цивилната заштита се мобилизирани за помагање на населението и се ставени во приправна состојба , откако температурите неколку денови се движеа меѓу 42 и 44 степени Целзиусови.

Шпанија, а посебно нејзините јужни делови, со високи, летни температури се соочуваа и во текот на изминатата  пролет , кога најголемиот дел од Европа беше се уште во зимски услови, со снег и со обилни врнежи од дожд.

Најтопла година во историјата

Во Малага пролета беше искучително топла, а топлото време и  температурите  кои се движеа околу 30 степени, му дадоа посебен печат на времето во градот и неговата околина.

Во 2022 година, Шпанија има регистрирано најтопла година во својата историја, што експертите сметаат дека е последица на климатските промени на планетата. Тоа може да предивика земјата да биде една од државите во ЕУ и  во Европа кои се најмногу погодени од климатските промени.

Шпански експерти истакнуваат дека во изминатите десет години, зачестеноста од  ваквите топлотни удари , како овој сега, е три пати поголемо од ситуациите со многу високи температури  во минатата и во претходните децении.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе