Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Продолжува бранот мигранти преку Ламанш

Продолжува бранот мигранти преку Ламанш

Британскиот Хоум Офис потврди дека продолжува силниот бран од илегални мигранти кои го минуваат Ламанш за да дојат во Британија со мали  чамци и покрај засилената кампања на имиграционите власти за ставање ред во илегалните префрлања од францускиот на британскиот брег.

Само во еден ден, во саботата, во седум чамци кои биле уловени во водите на каналот, биле откриени 375 илегалци. Тоа предизвика бројот на мигрантите кои во изминатите пет месеци  настојуваат  на овој начин да влезат на британска територија , да се изкачи на 10200 лица.

За седум денови-2500 илегалци

Станува збор за бројка на мигранти кои се откриени и фатени, но никој не знае колку чамци со илегалци, сепак, успеле накако да се префрлат до британскиот брег во опасното минување преку  Ламанш. Во Министерството за внатрешни работи,  инсистираат дека оваа бројка, иако и натаму висока, сепак, е помала од онаа регистрирана во истиот период од 2022 година.

Се смета дека бројот на илегалното минување преку каналот е интензивирано во првата половина на јуни , како последица на подобрување на времето и смирувањето на морето на Ламанш. Само така се објаснува податокот дека за седум денови- од 10 до 17 јуни- се регистрирани над 2500 пристигнати илегални мигранти на британскиот брег.

Во минатата година, беа регистрирани рекордни 45 илјади преминувања на мигранти преку каналот. Најбројни беа Албанците, а потоа жители на Авганистан, Курди , Сиријци и Пакистанци.

Договори со Руанда и Албанија

Владата на торивците, сега предводена од Риши Сунак, навести остра борба со миграцијата, а посебно со илегалната, меѓу другото и за да го спасува Брегзит  за кое (сега) поголемиот број Британци верува дека се има претворено во катастрофа и се оценува како грешка на британскиоте конзервативци.

Владата на поранешниот премиер Борис Џонсон усвои закон со кои илегалните мигранти ќе се депортираат  во Руанда, во Источна Африка, за да не бидат вратени од каде избегале, откако со властите на оваа држава Лондон направи договор.

Демократската јавност во Британија, меѓутоа, остро го осуди законот  и го означи како контроверзен и крајно нехуман, а британските судови го блокираа неговото спроведување.

Посебен договор Лондон има склучено и со Албанија, за запирање на големиот бран албански мигранти. На оние кои британските власти ги депортиаат назад во Албанија, им се исплаќаат по 1500 фунти.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе