Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Четири деца преживеале 40 денови во џунгла

Четири деца преживеале 40 денови во џунгла

Четири деца на возраст од 13 години до 11 месеци, останале живи откако 40 денови минале во непрегледната џунгла во Колумбија, барајќи начин да излезат од неа.

После долго и мачно трагање по нив, една специјална спасувачка единица на колумбиската армија успела да ги открие и да ги префрли во главниот град Богота, каде се сместени на опоравување. Лекарите имаат соопштено дека сите четири деца се дехидрирани и се уште не може да јадат тврда храна, но ниту едно од нив не се наоѓа во животна опасност- вклучувајќи го и 11 месечното бебе.

Спас од брашното од маниока

Децата останале сами во опасната џунгла, после падот на малиот авион „Цесна“ со кој патувале, заедно со нивната мајка и поглавицата на едно домородечко индијанско племе. Тие двајцата, како и пилотот на авионот загинале при уривањето, но сите деца ја преживеале несреќата.

Во моментите додека  се извлекувале од леталото, нивната мајка се уште била жива и (според изјавите што децата им ги дале на спасувачите) ги упатила како да се однесуваат во џубглата. Да внимаваат што јадат и што пијат и посебно како  да се движат низ густата шума.  Од соборениот авион таа ги посоветувала да го понесат со себе брашното од маниока (околу три килограни) за да јадат од него.

Цели шест недели, од 1 мај кога авионот се урнал, од засега непознати причини , па се додека не биле пронајдени од воените специјалци и спасени, тие се движеле низ џунглата и се хранеле само со тоа брашно- делејќи го меѓу себе.

Вроден имунитет на локалните вируси

„Беа видливо неухранети, но потполно свесни и способни да комуницираат“- изјавил за колумбиските медиуми  еден од спасувачите.

Сега се верува дека нивното преживување во условите на тој дел од колумбиската џунгла, каде биле најдени, било можно само поради нивното домородечко потекло. Прво, затоа што овие деца имаат вроден имунитет од болестите и разните вируси кои виреат во џунглата, но и затоа што го познаваат просторот низ кој се движеле.

Здравствени експерти велат дека знаеле што да јадат и од која вода да пијат – за да останат живи.

Како посебен куриозитет на целиот случај, спасувачите откриле дека додека трагале по децата,  во џунглата се загубило и нивното куче-трагач, оспособено за вакви операции. Тоа, сепак, успеало некако да дојде до децата, но не знаело како да се врати до војниците. Останало со децата во последните две недели од нивното движење низ џунглата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе