Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Умрената“ барала да излезе од мртовечкиот сандак

„Умрената“ барала да излезе од мртовечкиот сандак

Една 76 годишна жена во Еквадор  била донесена на гробишта за да биде погребана , откако  лекарите во локалната болница констатирале дека таа е почината како последица на мозочен удар. Но, непосредно пред да биде спуштена во  гробот,  шокираните  роднини и пријатели, собрани околу нејзиниот мртовечки сандак, откриле дека жената е жива.

Кога после повеќе  часови, откако била ставена во сандакот, роднините го отвориле капакот  , слушнале како „починатата“ ги моли за повеќе воздух- за да може да диши.

На видео снимката  што гробарската служба ја направила на  гробиштата, се гледа како  несреќната жена се обидува да го поврати дишењето , после поминатите часови во цврсто затворениот мртовечки  сандак.

Пожарникарска служба и екипа на брза помош пристигнале на гробиштата  за да интервенираат, по што  жената итно била префрлена во болница- во истата од каде била испуштена- како почината.

„Кога го отворивме сандакот, останав вчудоневиден. Забележав дека мајка ми ја помрдна левата рака, потоа ги отвори очите и побара воздух„- изјавил за еквадорските весници нејзиниот шокиран и гневен син. Тој  рекол дека мајка му била примена  на интензивна нега, но кога последен пат  бил покрај неа, таа била сосема способна да комуницира.

Подоцна, кога  „починатата“ жена одново била вратена во болницата- за да се продолжи со лекувањето – лекарите веднаш  ја ставиле  на апарати за дишење и го провериле срцето. Утврдиле дека тоа работи сосема нормално . Нејзиниот син раскажувал дека кога   лекарот ја боцнал по раката, таа реагирала на болката.

Што се случило во болницата за да настане еден ваков случај,  засега не се знае.

Познато е само дека  пациентката што за малку ќе беше жива закопана, била примена на лекување утрото, околу 9 часот . Веќе на пладне, меѓутоа, од болницата го известиле семејството дека нивната мајка, Бела Монтоја, починала. Во потврдата за нејзината смрт стоело запишано дека жената умрела откако запрела работата на срцето, по претрпениот мозочен удар.

Како и да е,  лекарите во болницата во градот Бабахојо  имаат направено голема грешка. Инцидентот за кој разбра целиот свет, предизвика бранување во јавноста на Еквадор, а тамошниот министер за здравство побарал веднаш детална истрага и утврдување на виновниците.

Не се знае дали воопшто имало истрага, освен што миниистерството за здравство во Кито соопшти дека жената која беше прогласена за „почината“ на 9 јуни, сепак, умрела една недела подоцна- од последиците на мозочниот удар. Во соопштението  се инсистира дека вратената од гробишта Бела Монтоја имала највисок медицински третман, но дека не можела да биде спасена.

Погребена е на истите гробишта на кои беше однесена, па  вратена, кога се откри дека е се уште жива.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе