Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Сто години на Хенри Кисинџер

Сто години на Хенри Кисинџер

Малкумина се светски политичари, уште помалку дипломати, чиј роденден е одбележан во меѓународната јавност, како што изминатиот викенд тоа се случи со одбележувањето на стотиот роденден на се уште виталниот Хенри Кисинџер- поранешен американски шеф на дипломатијата кој има одбележано цела една епоха во глобалните односи.

Годините и длабоката старост предизвикаа тој помалку да се појавува во јавноста, а ако и се појавува за предавања , или за учество  во некоја дебата, тоа го прави преку видео врски, како што беше случај и на годинешниот економски форум во Давос, во Швајцарија. Својот роденден, меѓутоа, го прослави во Њујорк, во тамошниот бизнис клуб, со роденденска торта и многу свеќички, покажувајќи дека се уште е активен.

Сето тоа предизвика одново да се преразгледува и да се анализира неговата работа- како дипломат на меѓународната сцена- при што се покажа дека се уште има поделени мислења за неговата кариера и посебно за неговата позиција на глобалната политичка сцена. За едни тој беше и остана  визионер, за други „воен злосторник“ ( поради  подршката на пучот во Чиле во 1973 година).

„Време за примирје во Украина“

Сепак, како и да се гледа на него, не може никако да се порекне дека Кисинџер има оставно големи траги врз надворешната политика на САД во 20 век.

Голема е неговата улога за завршувањето на Виетнамската војна , за што има добиено Нобелова награда за мир ( заедно со северновиетнамскиот министер за надворешн работи Ле Дук То), потоа за приближувањето на Америка и тогашниот СССР и посебно за зближувањето на САД и НР Кина- раководејќи се од принципите на прагматичната политика во меѓународните односи.

И сега, во овие години на 21 век, тој останува на тие свои принципи, тврдејќи и натаму дека САД мора да ги бранат своите главни интереси. Но, кога зборува за ситуацијата околу Украина, зафатена во војна по руската инвазја пред 15 месеци, тој зборува дека мора да се истурка (некакво) примирје и  запирање на воените судирања.

„Дојдени сме  до точката во која се постигнати стратешките цели на САД. А, тоа е дека обидот на Русија, со војна, да ја освои Украина, пропадна“- вели Кисинџер, додавајќи дека затоа сега е време за барање модел за примирје и за мир.

Советник и министер на Никсон

Хенри Кисинџер е германски Евреин, роден во Баварија во мај  1923 година, како Хајнц Алфред Кисингер. На 15 годишна возраст, со неговите родители се преселил во Америка, бегајќи од нацизмот во Германија.

Има работено, како млад,  за американската војска и за американското воено контраразузнавање, по што студира на Универзитетот во Харвард, када дипломира, а потоа станува и професор.

Во политиката на САД влегува во 1969 година, кога тогашниот претседател Ричард Никсон го има ангажирано да биде Совеник за национална безбедност- функција во американската администрација која токму Кисинџер ја има подигнато на (безмалку) министерско ниво. Подоцна , Никсон го постави и за државен секретар во Стејт департментот. Од 1973 до 1975 година тој ги извршуваше и двете функции.

По изнудената оставка на Никсон, поради познатата  афера „Вотергејт“ , новиот претседател Џералд Форд  го задржа Кисинџер на функцијата шеф на дипломатијата на САД, се до крајот на неговиот мандат, во 1979 година.

Креатор на политиката на Детант

Во текот на своите десет  години во Белата куќа, тој ја креираше и ја водеше политиката на „Детант“ во односите со Москва , која меѓутоа,  не секогаш беше примена со одушевување во Европа, во тогашна Западна Европа меѓу американските сојузници, иако таа носеше и гарантираше мир во тогашниот поделен свет.

Најмногу затоа што Кисинџер стоеше на уверувањето дека за светот, за Стариот континент и за надминувањето на заканата од нуклеарна војна, најважно е да постои мир и разбирање на Вашингтон и Москва , што тие ќе го градат со политиката на попуштање (детант) во меѓусебните односи.

За него беше нормално, западноевропските сојузници да ја подржуваат таа политика , затоа што и гарантира мир и стабилност, пред се, на Европа.

Од истите тие причини, тој не веруваше ниту во тогашната политика на неврзаност во меѓународните односи, иако тоа движење , зачнато на почетокот на шеесетите години на 20 век, собираше држави од сите континенти. Затоа и во сите негови  години како дипломат ,тој (безмалку) го има и обезвреднувано движењето.

Тајна средба со Мао Цетунг

На крајот од седумдесетите години, меѓутоа, излезе дека беше во право, откако СССР се инфилтрирапе меѓу неврзаните- преку неколкуте комунстички земји-членки (Куба и Виетнам, како и Кампучија и Авганистан, (по пучот извршен од СССР).

На Самитот во Хавана, оваа група земји инсистираше Москва  да се третира како – „природен сојузник и партнер на неврзаните“. Тогаш  тоа не помина, но во осумдесетите години на 20 век, Советскиот Сојуз успеа да го дискредитира движењето и тоа повеќе не беше истото од времето кога беше замислено.

Но, Кисинџер можеби најмногу ќе се памети, освен по постигнатиот мир во Виетнам , по неговото приближување кон Пекинг и кон Кина на Мао Цетунг. Тајно отпатува за кинескиот главен град, каде се сретна и разговараше со кинескиот лидер, во време кога двете земји немаа никакви дипломатски односи, а Вашингтон  имаше односи само со Тајван.

Мир во Виетнам

Кисинџер со таа посета,  не само што успеа да ги постави темелите на идните кинеско-американски односи, при што Вашингтон се определи (конечно) да ја признава само владата во Пекинг, како единствен претставник на Кина, туку обезбеди и посета на Ричард Никсон на Пекинг- што беше примено како првокласна сензација во меѓународните политички и дипломатски односи.

Беше договорено Тајван, да остане како посебна територија, со своја власт, изолирана од Пекинг и да биде како посебна држава, но која со САД ќе има само политичко- економски врски, а не и дипломатски.

Овој излет на Кисинџер во Кина, ја издигна на ново рамниште „тајната дипломатија“ што тој ја почитуваше и веројатно е дека и сега ја почитува , која кулминираше со мирот во Виетнам и повлекувањето на Американците од југот на земјата, која тогаш беше посебна, независна држава.

Американскиот дипломат преговараше со властите во Ханој, (во тоа време, на Северен Виетнам), додека американските авиони го бомбардираа северновиетнамскиот главен град. И со Ле Дук То успеа да  издејствува мир во Индокина.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе