Висока затворска казна за освојувањето на Капитол Хил
Лидерот на американската ултра-десничарска, милитантна група „Oath Keepers” Стјуарт Родес е осуден на 18 години затвор за за нападот и освојувањето на Конгресот на САД, на Капитол Хил. Според тамошните медиуми, кои ја пренесуваат одлуката на судот, тој е обинет и осуден за бунтовнички заговор и за други кривични дела поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година.
Тој дена, на само две недели пред инаугурацијата н новиот претседател на САД, Родес останал на Капитол Хил, додека припадниците на неговата паравоена милиција веќе биле влезени , или навлегувале во зградата на американскиот Конгрес, за да се пресметаат со тогашниот Спикер Ненси Пелоси и за да ја спречат ( инаку формалната) потврда на Претставничкиот дом – изборната победа на демократскиот кандидат Џо Бајден.
Највисока казна досега
Во тие моменти- кои американската демократска јавност ги има означено како најсрамниот момент во историјата на Америка- Родес командувал со својата група и ги коорднирал акциите на неговата милиција во внатрешноста на конгресната зграда.
Оваа пресуда е највисоката што досега , еден американски суд ја има изречено за тие настани и за организираниот бунт. Обвинителството за него има побарано затворска казна од 25 години.
Во теркот на судењето обвинетиот се бранел дека „не е виновен“ и дека станува збор за „политичко судење“ , а дека тој е „политички осуденик“, иако има изразено и мало каење за она што се случуваше пред 2,5 години и за нападот на насобраната маса.
Сепак, Родес останал на своето тврдење дека е обвинет за неговите политички уверувања и гледања. Во својата одбрана уште настојувал да го увери судот дека неговите милитанти (наводно) навлегле во Конгресот, за да „ги одбранат другите насилници.
Трамп за уличарски бунт против изборите
Толпа од ултра- десниичари, расисти, приврзеници на белата супремација и криминалци, дојдени од разни страни на Америка, се одзва на повикот на претседателот на заминување Доналд Трамп да се соберат на Капитол Хил и да спречат Конгресот – како што рече поразениот претседателски кандидат- да „ ја легализира изборната измама“ .
Неможејќи да го прифати уверливиот пораз, Трамп со некои од неговите најблиски и најдоверливи соработници и правни советници, ја измисли приказната за наводниот „грабеж“ на претседателските избори во ноември 2020 година, тврдејќи дека тој, а не Бајден победил на изборите. Ниту еден американски суд- федерален или во сојузните држави- вклучувајќи го и Врховниот суд, не ги прифати измислените наводи на Трамп, ниту никоја од поднесените жалби за изборите.
Стјуарт Родес е воено обучен бунтовник , како поранешен падобранец во американската војска, но за него се вели дека има завршено и правни студии на Универзитетот Јеил. Судијата во процесот против него, не ја прифатил неговата одбрана , инсистирајќи на доказите дека тој и неговите милитанти трагале по Пелоси, за да ја обесат, како и дека упадот во Конгресот и дивеењето во неговите простории претсваува насилство кое никако не може да се оправда.
Поучна пресуда
Се смета дека пресудата треба да биде како основа за третманот на сите вакви, или слични незаконски насилија и ковање заговори за бунт, во Америка, но таа може да биде поучна и за други земји.
Колку за потестување, во април 2017 година, Скопје и Македонија беа сведоци на еден исто такво , политички потикнато насилство. Тогаш власта на заминување се обиде да изведе пуч и да прогласи вонредна состојба во земјата, за да се спречи новата владеачка- проевропска и прозападна коалиција- ја преземе власта од вмровскиот, националистички и антиевропски режим.
Толпа вмровски активисти и партиски насилници, на сила навлезе во зградата на Парламентот во Скопје, физички се пресмета и гп повреди мандатарот за состав на новата влада, а се обиде до смрт да претепа и еден пратеник од албанската националност- што требаше да предизвика меѓунационален судир во земјата.
Виновниците за тие настани поминаа (само некои) со помали затворски казни, а потикнувачите на пучот -и тогаш и сега- насилниците ги третаираат како „уставобранители“.