Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Патник отворил врата на авионот при слетување

Патник отворил врата на авионот при слетување

Еден патник во авионот на јужнокорејската компанија „Асиана Ерлајнс“ ја отворил вратата за вонредни ситуации , додека леталото слетувало. Во соопштението на компанијата што го пренесуваат светските медиуми се вели дека авионот, сепак, безбедно слетал, но дека поради инцидентот десетина патници морале да завршат во биолница.

Инцидентот се случил на авионот „Ербас А321-200, во кој имало речиси 200 патници. на меѓународниот аеродром Даегу. 240 км. југоисточно од  Сеул,   главниот град на Јужна Кореја,

Авионот се наоѓал на висина од 200 метри од земјата , кога патникот кој седел до излезот за вонредни ситуации ја повлекол рачката на вратата и таа се отворила- се вели во соопштението на „Асиана Ерлајнс“ . Настанала паника меѓу патниците, иако сите ,ожеле да видат дека леталото е сосема ниско и непосредно пред  да ја допре пистата. Сепак, според признанието на некои од нив,  мислеле дека авионот ќе се урне.

Има повредени повеќе патници , но локалните медиуми јавуваат дека само девет лица биле задржани на болничко лекување. Патникот кој ја отворил вратата на авионот бил уапсен од полицијата, но засега не се знаат причината за таа негова постапка.

На социјалните мрежи се појавија снимки од моментите на паника во кабината на авионот и паничната атмосфера меѓу патниците. На сликите се гледа како патниците исплашено се држат за рачките на седиштата и врескаат , стравувајќи дека силното струење на ветерот, што наеднаш се создал, може да ги исфрли од нивните седишта.

Најтешко, сепак, поминале оние патници кои биле во редовите и на седиштата  сосема блиску до отворената врата.

Сите тие имале проблеми со дишењето и затоа се хоспитализирани. Медиумите во Јужна Кореја ја донесуваат сликата на авионот, снимена од надвор, како слетува без отворената врата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе