Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Без АББА на Евросонг 2024 година?

Без АББА на Евросонг 2024 година?

Победата на шведската пејачка Лорин на годинешнава Евровизиска песна во Ливерпул, во Британија , покрена бројни приказни – сите во форма на  шпекулации и  некакви теории за заговор-  за да се похаже дека целата работа била (наводно) наместена.

Од тоа дека Шведска победила, за да може да го организира Евросонг во следната 2024 година, кога се навршуваат 50 години од триумфот на грушата АББА, која потоа  цела деценија доминираше на глобалната поп сцена, па се до планираното  одбележување на шведската победа на Евровизија во 1974 година, со повторното собирање на грушата за настап на наредниот Евросонг.

„Нема шанси за настап“

Ваквите приказни се појавија уште веднаш по годинешниов триумф на Шведска. Но, двајцата членови на групата- Бјорн Улвеус и Бени Андерсон сметаат дека за тоа- едноставно- „нема шанси“ –  како што пишуваат лондонските медиуми кои пренесуваат делови од нивното интервју за Би-Би-Си.

„Не сакам нешто такво. Ако јас нe го сакам, ниту другите нема да сакаат. Тоа се однесува на нас, четворицата. Кога некој ќе каже не, тоа навистина значи-не“- изјавил Бени Андересон. На тоа, Улвеус додал дека – „не може да се прославува 50 години на АББА , а тие да не  се на сцената“.

Групата чие име е акроним од имињата на членовите – во која се и двете пејачки Агнета Фалтског и Анифрид Лингстад – по евровизиската победа со хитот „Ватерло“- има продадено стотици милиони плочи и дискови , а нивните хитови беа на врвот на топ-листите низ целиот свет, вклучувајќи ја и Америка, со хитот „Dancing Queen”.

Дигитални аватари

Во 1982 година, групата, објави дека се растура, но нивните успеси продолжија и понатаму, особено со компилацијата „АББА Голд“ која се појави десет години подоцна, а во 2021 година со нов албум , цели 40 години по распадот на популарната шведска четворка.

Исто така, сега постои и нов концертен формат- дигитални аватари –  наречени АББАтарс кои ги изведуваат нивните некогашни хитови.

Дилемата за Евросонг, во следната година, за тоа дали сега веќе возрасните членови на АББА  одново ќе се соберат , или не , меѓутоа, останува отворена, до пролета во 2024 година. Без разлика на категоричното отфрлање на идејата од  страна на Бени Андерсон.

Но, тоа не значи дека во приказните за „наместената“ победа на Лорин има вистина. Околу Евровизиската песна секогаш имало злобници кои ширејќи лажни приказни, сакале да го оправдаат своето разочарување од пласманот на Евросонг.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе