Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Евровизија без македонска песна

Евровизија без македонска песна

Во Ливерпул. во градот на Битлси и на Ленон и Макарти се одржи годинешнив Евросонг- најголемиот фестивал на популарната музика во светот.

Неговите почетоци датираат уште од средината на минатиот век. Првично замислен како еден од обединувачките фактори на поствоена Европа,  фестивалот сега прерасна во вистинска глобална, забавна манифестација во која учествуваат и Израел и Азербејџанм, но и далечната Австралија.

Годинава, евровизискиот фестивал го следеа гледачи од Чиле и САД, преку Европа се до Сиднеј и Мелбурн.

Немало пари за Ливерпул

Евровизиската песна, требаше да се одржи во Киев, во Украина, затоа што минатата година во Торино победи украинскиот претставник, групата  Калуш, но во сегашната ситуација во која се наоѓа оваа земја, изложена на бруталната инвазија на путиновите војници, нема ниту безбедносни, а ниту секакви други услови за одржување на еден европски музички фестивал.

За домеќин беше определена Британија која, таа своја задача, како и секогаш беспрекорно ја изврши. Настапија  пејачи и групи од 37 земји, но не и од Македонија.

Според објаснувањето кое ги дава лондонскиот весник „Индепендент“-  добиено  од Скопје, од јавниот РТВ сервис на Република Северна Македонија- МРТВ- немале пари за да се појават на спектакуларната сцена во Ливерпул. Односно, не се согласиле да ја платат повисоката цена за котизација што ја има побарано организаторот на годинешниот Евросонг.

Затоа, одлучиле  во Ливерпул да нема македонска песна и македонски претставник. Како што тоа го направија и Црна Гора и Бугарија, иако црногорската телевизија веќе неколлу години отсуствува од оваа најголема светска претстава и кога не беше зголемена цената за котизација, како што е овој пат.

Одлука за самоизолација

Инаку британското објаснување за поскапувањео е дека тоа е направено  поради намалениот прилив средсва, по суспензијата на Русија, која е еден од поголемите плаќачи во ЕБУ.

МРТВ, затоа, и немаше право да гласа во финалната вечер. Оние кои се одлучија за самоизолација, остана само да ја гледаат забавата, заедно со гледчите, а нив (според првите проценки) ги имало над 170 милиони , а во македонската јавност да се прават приказни за тоа- дали се парите единствената причина.

Една од приказните е стравот дека новиот неуспех може да ги налути вистинските „газди“. Втората е дека, едноставно,  нема песна, ни композитор за фестивал каков што е Евровизија, а третото толкување е дека тие кои одлучиле како што одлучиле – биле налутени од системот на гласањето.

СВелат- се гласало по договор , според принципот јас тебе, а ти мене гласови. Систем што, инаку,  оние од МРТВ исто така го правеа во изминатите години- како и некои од земјите на Северот и на Истокот од  Европа.

Погрешно решение

Во секој случај, одлуката за отсуство е погрешна, која и да е причината.

Македонска песна требаше да има на Евровизија, без разлика на пласманот. Најважното е да се учествува, да се слушне за нас и да се зборува. Не е срамно да не се влезе во финалето (Ирска е седум пати победник, па годинава, а и лани не успеа). Британија, Франција, Шпанија , Германија, или Грција се земји поранешни победници, па годинава доживеаја фијаско.

Не треба да се подлега на накаква изнасилена еуфорија, како што ја предизвикаа дома  Србија и Хрватска годинава, а потоа незадоволни и фрустрирани, да се бројат „виновниците“ од другите земји-  затоа што не гласале за нивната песна.

Станува збор  само за фестивал, а на него земја каква што е Македонија, секогаш треба да биде присутна. Освен ако и овде не доминираат силите кои настојуваат да ја одвратат земјата од Европа, со приказните дека „таму не не сакале“!?

Бојкот на сопствената песна

Овие се истите политички сили кои (да не се заборави)  организираа македонската дијаспора да не гласа за песната и пејачката  (Тијана Тодевска) која досега го има постигнато најголемиот македонски  успех на Евровизија. Да беа вистински патриоти, како што се прикажуваат, земјата ќе беше пласирана на самиот врв во крајното рангирање.

Остана предавството на дијаспората , не покажувајќи патриотизам кога тој вистински беше потребен. Политички заслепени „нашите“ се определија да ја бојкотираат сопствената песна.

А, оваа година, на Евросонг  победија Шведска и пејачката  Лорин. Таа е по втор пат победник на Евросонг , изедначувајќи се на тој начин со Ирецот Џони Логан. Следната година, Шведска ќе биде домаќин на овој фестивал- кога ќе се навршат 50 години од историската победа на групата АББА во 1974 година. Нивниот победничка песна „Ватерло“ и денеска се слуша со задоволство.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе