Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

И без функција и без сопруг

И без функција и без сопруг

Популарната во Финска и омилената во Европа премиерка на заминување Сана Марин (37) во многу кус период остана  без својата функција, по неуспехот на финските избори, а веднаш потоа дожовеа и хаварија на бракот.

На својата страница на Инстаграм, Марин објави дека се разведува од својот сопруг- бизнисмен и поранешен професионален фудбалер- Маркус Раиконен. Тие беа заедно 19 години, уште од раната младост и имаат петгодишна ќерка. Во брак беа од 2020 година, кога Марин веќе беше премиер на Финска и со својата влада водеше успешно битка со корона пандемијата.

Сана Марин- најмлада премиерка

Објавата за разводот доаѓа во време кога таа се подготвува да се повлече од премииерската функција на која остана до создавањето нова финска влада. На изборите во почетокот на април таа не успеа да добие уште еден мандат, откако во една крајно неизвесна трка, со минималн разлика загуби од коалицијата на двете десни партии.

Марин беше најмладиот премиер во светот кога во 2019 година беше избрана да ја предводи владата на финските социјалдемократи.

Изборниот неуспех беше оценет како изненадување, затоа што Марин ја имаше силната подршка во финската јавност која застана зад неа во пресметката со пандемијата и особено во моментите кога таа храбро им се спротивстави на Русија и на Владимир Путин, внесувајќи ја Финска во НАТО и покрај долгата неутралност.

Нејзината успешна политичка кариера доживеа лом во јавноста, откако почнаа да се појавуваат приказни на интернет и во десничарските медиуми  за нејзиниот приватен живот и кога почнаа да ја оцрнуваат како „раскалашна“ млада жена и мајка , која поради тоа не може да биде лидер на една земја.

Соборена од конзервативните Финци

Марин беше критикувана за своето неформално облекување и однесување кога не беше на своето работно место- во седиштето на финската влада. Десничарите и конзервативната јавност и замераа што оди на журки и забаваи, како и во ноќни клубови- почесто со своите пријатели и друштвото, а поретко со својот сопруг.

Овие кругови во финската јавност создадоа скандал по една приватна забава на која Марин беше обвинувана дека се однесувала „крајно раскалашно“ и дека го измамува својот сопруг. што се покажа како неточно. Таа тогаш, за  прв пат, се спротивстави  на – како што рече- мешањето во нејзината приватност, а по обвинувањето дека на таа забава била и дрогирана, самата побара да и направат тестови.

Сите наоди покажаа дека ниту била пијана, а ниту дрогирана .Но,  јавноста во Финска се подели околу однесувањето на премиерката во приватниот живот, па на изборите со минимална разлика, Сана Марин беше соборена од финските конзервативци. Сега се тврди дека вулгарната, јавна дисквалификација на младата политичарка,  придонела за хаваријата и на нејзиниот брак.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе