Продлабочен расколот во семејството Виндзор
Крунисувањето на новиот британски суверен, беше можност за надминување на расколот кој подолго време е присутен во кралското семејство и тоа посебно, во односите меѓу кралот, неговите два сина и сопругите на сите тројца, но тоа не се случи. Дури се верува дека после 6 мај , дојде до конечен раскол во семејството .
Се претпоставуваше дека првото крунисување во Обединетото кралство, после цели 70 години, е можност за потиснување на сите недоразбирањата. Односно дека кралот Чарлс ќе ги натера своите два сина да се помират, а постариот Вилијам , сега и формално претолонаследник, со некаков гест тоа да и го покаже на домашната јавност.
Особено што јавноста веќе се дели на оние кои се на страната на принцот од Велс и на оние кои се со отфрлениот Хари , а Британците очекуваат семејството Виндзор да покаже дека може да ги надмине проблемите кои се премногу обични и човечки.
Без контакт со таткото и со братот
Ништо од тоа не се случи, иако помладиот син на на кралот, принцот Хари беше поканет на крунисувањето. Тој во Лондон допатува сам, без сопругата Меган Маркл која остана во Америка со своите две деца. Никој не откри зашто таа и внуците на Чарлс не присуствуваа во Весминстерската Опатија, ниту дали поканата за крунисувањето била само за Хари, а не и за неговото семејство.
Остана, така, објаснувањето на медумите дека Меган останала дома затоа што на денот на крунисувањето беше роденден на синот Арчи, како единствено за кое се слушна. Затоа и принцот Хари, омилениот внук на кралицата Елизабета, беше сам на крунисувањето и остана мошне кратко.
Сите велат дека беше мошне расположен, заедно со своите две братучетки ( ќерките н принцот Ендрју). Со нив беше во третиот ред во Вестминстерската црква, каде беше семејството додека Чарлс беше крунисуван. И тој, како и сите другите со наклон на главата му оддаде почит на новиот британски монарх, откако ја прими круната. Но, немаше никаков контакт меѓу помладиот син и кралот, а уште помалку, меѓу Хари и Вилијам , или Кејт Мидлтон, кои до пред пет-шест години беа исклучително блиски.
Во Лондон само 28 часови
Наместо тоа, Хари кој допатува со редовен лет од САД, помина само 28 часови во Лондон и веднш по излегувањето од Вестминстерската Опатија, замина на аеродром за да се врати во Лос Ангелес каде сега живее со семејството – за роденеденот на својот син. Медиумите открија дека роденеденотпоминал без ниту една назнака на кралското семејство дека станува збор за внук на британскиот крал, од неговиот втор, помлад син.
Лондонските таблоиди кои имаат клучна улога во закрвувањето на атмосферта меѓу браќата и определувањето на Чарлс за постариот син, продолжуваат и натаму, преку информации кои ги добиваат од кралската палата, да ја дисквалификуваат втората снаа на кралот и да го оцрнуваат Хари, иако таа тензија е намалена.
Пред се, затоа што „немирниот“ принц уште пред четири години објави дека нема повеќе да комуницира со таблоидите и со медиумите во Британија.
Оправдувајќи го таквото решение со нивниот „суров однос“ кон Меган, уште од времето додека таа му беше само девојка. Но, и не сакајќи- како што има изјавено- да се повтори ситуацијата со неговата мајка- принцезата Дијана, пред нејзиното загинување.
Неуспех на новиот крал
Неуспехот да се изгладат работите во кралското семејство, сепак, се неуспех на Чарлс кој во време додека ветува единство во кралството, тоа не може да го постигне во најтесното семејство- меѓу неговите две деца. Отфрлајќи го Хари на груб начин, кралот покажа дека паднал под влијанието на својата сопруга и првата снаа Кејт.
Камила која, сега стана и кралица, велат, била гневна што „лошкото“ Хари откри во своите мемоари дека и тој, но и „доброто момче“ Вилијам, биле против тоа – Чарлс да се ожени за Камила.
Снаата Кејт, пак, со која братот Хари беше другар, а медиимите ја градеа сликата за хармонијата меѓу браќата и по венчавката на Вилијам, излегува дека го има покренато сплеткарењето против Меган Маркл. Не дозволувајќи идната британска кралица Кетрин Мидлтон, да биде еднаква со „една Американка, екс актерка, па уште и разведена“.
Според помалиот брат, Кејт и Вилијам од почетокот се против изборот на Хари на брачната партнерка.
(Д.Л.)