Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Донатор на сперма има 550 деца

Донатор на сперма има 550 деца

Еден холандски суд му забрани на Холанѓанец да донира сперма, откако е утврдено дека во Холандија и во  други земји, досега, со неговата сперма се родени најмалку 550 деца.

Европските медиуми кои пишуваат за овој  единствен познат ваков  случај , посочуваат дека  судската забрана е донесена врз основа на холандските прописи според кои машко лице може да ја донира својата сперма за најмногу 25 потомци, или за највеќе 12 семејства.

Во овој случај е утврдено и тоа дека донаторот ги лажел семејствата кои се подготвувале да ја прифатат неговата сперма, како и идните родители, сокривајќи  од нив  за тоа колку пати (претходно)  се пријавил и учествувал како донатор.

„Сакав само да помогнам“

Човекот (од разбирливи причини) не се именува, а домашните и странските медиуми го ословуваат само како господинот Џонатан М.

За него сега е откриено дека има дадено своја сперма за низа холандски клиники за вештачко оплодување . Но , се пријавил како донатор и во такви клиники во Данска. Освен тоа, својата сперма тој ја давал (продавал) и надвор од ваквите инситуции- нудејќи се преку огласи и он-лајн.

На судот (во граѓанска постапка) преку својот адвокат, се бранел дека не сторил ништо лошо. Сакал само да им помогне на двојките во неплодни бракови да станат родители.

Судијата во процесот, меѓутоа, не ја има прифатено таквата одбрана, особено што е утврдено дека ги мамел двојките без деца, за својата активност како донатор на сперма, нудејќи се себе си како некој кој „гарантира сигурен успех“- забременување на жената во неплодниот брак.

Роднинска мрежа од стотици деца

Судот посебно инсистирал на настанатата ситуација, за тоа  дека сите такви родители сега се соочуваат со фактот дека децата во нивните семејства се дел од една огромна роднинска мрежа , од стотици полубраќа и полусестри.

Оценка е дека таквата ситуација би можела да предизвика негативни психо-социјални последици за децата , па затоа, само поради  нивниот интерес, судот пресудил да се запре натамошното ширење на ваквата мрежа од роднини, па на Холанѓанецот му е  забрането да се јавува и да се користи како донатор на сперма.

Казнет е со 100 илјади евра и со тоа дека ќе мора да плаќа по толку пари за секој иден случај , доколку се определи, илегално, да продолжи со донирањето.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе