„Фокс Њуз“ призна ширење лажни вести
Американската медиумска компанија „Фокс Њуз“ прифати да и исплати отшетата од 787,5 милиони долари на компанијата „Доминион Вотинг“ , преку вонсудска постапка и спогодба на двете страни, за да го избегне долгото (и скапо) судење во кое , на крајот, ќе беше поразена- за ширење лажни вести.
Станува збор за лажното тврдење дека машините за броење на изборните гласови-што ги произведува „Доминион“- биле „наместени за да ги крадат гласовите на Доналд Трамп“ и да ги префрлаат за Џо Бајден.
Тоа е составен дел од веќе добро познатиот случај од претседателските избори во САД, 2020 година, на кои тогашниот претседател Трамп доживеа тежок пораз од демократскиот против-кандидат Џо Бајден , за кого претходно и во кампањата зборуваше дека -безмалку- ќе го прегази.
Дезинформации за изборите
На гласањето на Американците, меѓутоа, Бајден освои гласови, како ниту еден друг претседателски кандидат пред него ( многумина гласајќи анти-Трамп). Но, поразениот републиканец одби да го прифати поразот и да ги признае изборните резултати, што беше прв таков случај во поновата американска политичка историја.
Во својата немоќ и во настојувањето да остане , по секоја цена, во Белата куќа , Трамп покрена кампања дека изборите биле „наместени“ и „фалсификувани“, посебно во сојузните држави каде електорските гласови беа одлучувачки, а Бајден победи со тесно, или со минимално мнозинство.
Десничарскиот претседател, не успеа во месеците- од ноемвриското гласање до јануарската инаугурација- да поништи ниту еден изборен процес во државите каде веруваше дека сигурно ќе победи. Секаде форсирајќи го популизмот, нетипичен за САД и потикнувајќи ги расизмот и ксенофобијата, затоа што ниту еден американски суд не најде никаде доказ за измама или за местење на изборните резултати.
Така пресуди и американскиот Врховен суд кој Трамп, додека беше претседател, го уреди да биде со мнозинство од десничарски, конзервативни судии.
Реакција на „Доминион Вотинг“
Тогаш Трамп се обиде да изврши пуч во Вашингтон со помош на десничарски орди, бели супрематисти и расисти, кои ги повика во Вашингтон, на протест и освојување на Конгресот на САД за да не биде извршено формалната потврда на победата на Бајден.
Потоа, тој и неговите адвокати се нафрлија врз компанијата„ Доминион Вотинг“ обвинувајќи ја дека ги има наместено своите машини за броење на гласовите- да ги префрлаат гласовите за Џо Бајден.
Компанијата уште веднаш жестоко реагираше на неоснованите и со ништо не докажани тврдења на поразениот Трамп, најавувајќи судска раврска.
Кога се покажа дека случајот Трамп и неговио обид за пуч, со непочитување на изборната волја на Американците, се развлече низ политичките коридори, преку игрите на републиканците, „Доминион“ покрена судски спор против медиумската компанија „Фокс Њуз“ .
Таа не само што во изборната кампања навиваше за Трамп, подржувајќи ги сите негови потези и ветувања , туку застана и зад трамповите обвинувања против „Доминион“.
Признание на „Фокс“
Новинарите и уредниците на „Фокс“ единствени од големите медиумски куќи ја ширеа лажната вест дека Трамп, на изборите во 2020 бил покраден и дека вината за тоа е на машините за броење на изборните гласови.
„Доминион„ и тогаш и сега тврди дека лажните тврдење на оваа медиумска куќа- која е силно продесничарски насочена- има претрпено голема маатеријална штета , затоа што и е повреден угледот. Таа инаку продава вакви машини низ целиот свет, па затоа побара отштета од 1, 2 милијарди долари.
„Фокс“ самиот ја забрза работата за затворање на процесот, откако некои негови водители на вести јавно признаа дека „грешеле во неоснованите тврдења и дека отворено навивале за Трамп“ и кога било јасно дека станува збор за нешто што и погрешно и неточно. Тоа се однесува не само за изборните резултати, туку и за десничарското насилство на Капитол Хил во Вашингтон на 6 јануари, со обидот на Трамо да му ја одземе изборната победа на Бајден.
„Имаше лажно тврдење“
Кога процесот против „Фокс“ започна , стана јасно дека компанијата не сака долг судски процес, затоа што би ризикувала губење на гледаноста, без разлика што вестите на Фокс“ ги гледа десничарската и конзервативна Америка која обично е компакатна целина.
Стравувајќи од лошиот публицитет во целата американска јавност која и онака не им верува премногу на нивните вести, „Фокс“ има понудено порамнување, надвор од судот, со спогодба, за сума која е помала од онаа во тужбата, но е доволно висока и тешка, што „Доминион Вотинг“ ја прифати.
Во специјалната изјава, медиумската компанја (конечно) признава дека „имало лажни тврдење“ ( за „Доминион“) , инсистирајќи дека ова извинување до јавноста „Фокс“ го прави со цел да им одговори на стандардите на американското информирање и новинарство.
Пораз за Трамп и Мардок
Во изјавата на компанијата која ги произведува машините се вели дека е прифатена спогодбата, иако остануваат на тврдењето за ширењето лажни вести и дезиформации од страна на „Фокс“ , кој се обвинуваше дека – „знаел оти вестите што ги пласира се неочни и измислени„ како и тоа дека Фокс- „ помагал во ширењето на неоснованите тврдења“.
Оваа медиумска компанија е сопственост на медиумскиот тајкун, милијадерот Руперт Мардок кој пред десетина години ја пресели својата медиумска империја од Британија во САД.
Познато е дека Мардок е личен пријател со Доналд Трамп и тоа пријателство е толку силно што поради блискоста со десничарскиот претседател и навивањето за неговата повторен избор, Мардок влезе во судир со својот син. Синот Мардок сметаше дека подршката за Трамп е погрешен ( комерцијален) потез за „Њуз Корпорејшен“ . Таткото Мардок тогаш го смени својот син од водечката позиција во компанијата.
Во секој случај, спогодувањето и прифаќањето да се плати волку висока отштета- за свесно ширење невистина- претставува пораз за „Фокс Њуз“ и за Мардок , но тоа е и уште еден пораз и за Трамп и за неговата лажна кампања која и понатаму продолжува да ја одржува.
(В.А.)