Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Налог за апсење на Путин

Налог за апсење на Путин

Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) во Хаг издеде налог за приведување и апсење на рускиот претседател Владимир Путин (70). Обвинет е за извршените воени злосторства во Украина и за незаконското депортирање украински деца и за нелегалното префрлање на луѓе од окупираните украински територии во Русија.

Во судот во Хаг објаснуваат дека причината поради која во овој момент се покренува налогот за апсење е тоа што кривичните дела токму сега се случуваат , па решението  на меѓународниот суд е донесено во настојувањето да се направи обид целата таа криминална, нелегалегална работа да се попречи и да се запре. Налог за апсење е издаден и за рускиот повереник за правата на децата Марија Алексиевна Лвова-Белова (38).

Москва не признава и не прифаќа

Официјална Москва веднаш ги отфрли и одлуката на судот во Хаг и сите обвинувања , означувајќи ги како „ништовни“ и „бесмислен“ кои на никаков начин на ја обврзуваат  Русија која хашкиот кривичен суд не го признава. За руската страна, станува збор за „исполитизирана одлука„ и  за – како што велат- „нечуена дрскост“-  да се апси рускиот претседател.

Москва останува на своите поранешни позиции дека – нема извршено никакви воени злосторства во Украина , ни при инвазијата, а ни подоцна, како и дека децата од украинскиот Исток, што Русија го смета за своја територија, всушност, се спасени и одведени на безбедно.

Во меѓувреме, не мал број од нив, без согласност на родителите и на блиските роднини, не само што се депортирани на руската страна од границата, туку веќе се дадени и на усвојување, посебно украинските деца од реонот на Мариупол. Самата Лвова-Белова во една прилика се има пофалено за руските медиуми дека има усвоено едно од тие деца.

„Исправно решение“

Киев од своја страна го пофали решението на ИЦЦ , означувајќи го мошне значаен момент и како почеток на еден процес. Во него меѓународната јавност ќе треба да  и суди на Русија  за извршената агресија, за направените злосторства, за намерното бомбардирање на станбени и  на цивилни објекти,  додека во нив се сокривале луѓе. Не грижејќи се притоа  за тоа дали станува збор за театри, или за болници, па дури и за породилишта во кои имало  бремени жени.

Украинските власти од порано укажуваа на депортација на население од окупираните области . Посебно за тоа  дека децата од Источна Украина  насила се одземаат и се префрлаат во Русија, каде веднаш се ставаат во режим на „превоспитување“ и на создавање од нив на – „правоверни и вистински Руси“- терајќи ги да учат и да зборуваат само на руски јазик.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека претседателот Путин има извршено воени злосторства  и дека одлуката на ИЦЦ – за налог за апсење е оправдана. „Сметам дека тоа е исправно решение. Проблем е меѓутоа, што сите во светот, па вклучувајќи не и нас (Америка) не го прифаќаат и не го признаваат овој меѓународен суд“- има речено Бајден.

Хаг прифатен од 123 земји

Пред него се огласи и Стејт департментот со изјава во која се вели дека уште од порано и надвор од решението на ИЦЦ, САД имаат утврдено дека руската страна има извршено воени злосторства  во Украина , па дека затоа , сторителите ќе мора да одговараат. Во името на ЕУ со подршка на одлуката на судот во Хаг се јави и Јосеп Борел.

Без разлика на ваквата позиција која ја има судот, одлуката на Хаг за 123 држави кои го имаат прифатено овој суд, е обврска да го ловат и да го уапсат рускиот претседател доколку се најде на нивната територија и да го префрлат на судење во Хаг.

Многу држави во светот, меѓутоа, не го имаат ратификувано Статутот со кој во Рим во 2002 година се создаде овој суд. Освен Русија и САД, меѓу државати кои досега тоа не го направиле, или одбиваат тоа да го направат се и Кина и Индија, како и Пакистан, Турција, Иран, Саудиска Арабија и Израел.

Без шанси за судење

Според тоа, никакви се шансите Путин да биде уапсен за да му се суди.

Правно гледано тој ( и Лвова-Белова) се сосема безбедни, посебно што рускиот претседател малку и ретко патува, освен кај своите сојузници и партнери во кои има целосна доверба.

Од политичка гледна точка, одлуката на ИЦЦ од Хаг е шлаканица за Русија и  понижувачка за Путин и наговото над 20 годишно настојување да и се понуди и на својата земја, а посебно на Европа и светот како еден од светстските лидери, како оние во Москва од советско време.

Тој нема да се најде на судење, но останува дека е на потерница на еден меѓународен суд- без разлика дали Русија го признава , или не.

Посета на Крим

Дури и кога би дошол во посета на Србија, на пример, единствената земја во Европа  која нема воведено санкции за Русија,  Путин би можел да биде уапсен. А , тоа би можело да му се случи и (на пример) во сите земји на ЕУ, во Велика Британија, Канада и Јапонија, во цела Средна и Јужна Америка, но и во Молдавија, Грузија и Таџикистан, во најголемиот број од земјите на Африка, како  и сите од Западен Балкан.

Затоа, пак, како одговор на налогот за апсење, рускиот претседател, во својот аригантен стил, ако прва своја дестинација за посета , после одлуката на ИЦЦ, ја определи посетата на украинскиот полуостров Крим, за да се одбележи деветата годишнина од анексијата.

И, нареди за одмазда, силен ракетен напад врз областа Херсон- делот што го анектираше, но се уште не е под негова контрола-при што  големиот напад биле користени и убиствените ирански дронови.

 

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе