Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Комедија убедлив победник на наградата Оскар

Комедија убедлив победник на наградата Оскар

Комедијата „Се, секаде, одеднаш“ ( Everything Everywhere All at Once) e уверлив победник на доделувањето на филмската награда Оскар, што ја доделува американската Академија  за филмска уметност, освојувајќи седум од 11-те златни статуетки за колку беше номиниран.

Оваа филмска комедија е комбинација од акција, тинејџерски хумор и научна фантастика , во кој сопственичката на една перилница ( ликот го толкува актерката Мишел Јео) , неочекувано е повикана да спасува повеќе паралелни светови од лошите сили, кои се како алтер его на нејзината депресивна ќерка.

Сопственичката притоа мора да ја користи својата моќ, посетувајќи и потполно луди и „откачени“ светови , каде луѓето имаат прсти во облик на кренвишли.

Освојувач на главните награди

Покрај наградата за најдобар филм, ова остварување ја освои и наградата за најдобра режија која им припадна на Даниел Кван и Даниел Шајнерт.

Трите актерски Оскари , исто така ги освои овој филм- за најдобра женска улога Мишел Јео, за најдобра женска споредна улога Џејми Ли Кертис и за најдобра машка споредна улога Ке Хуи Кван. Филмот освои и награда за оригинално сценарио.

Наградата за најдобра машка улога ја освои Брендан Фрејзер, за улогата во филмот „Китот“ , кој го толкува ликот на огромно дебел хомосексуалец.

Најдобар стански филм е германскиот „На Западот ништо ново“, снимен  според романот на Ерих Марија Ремарк од 1929 година. Со овој филм, оваа антивоена драма е третата екранизација на класичниот роман на Ремарк, но за прв пат на германски јазик. За надобар документарен филм е прогласен филмот „Навални“, а за најдобар анимиран „Пинокио“.

Мишел Јео пред Бланшет

На доделувањето на Оскарите се појави и зборуваше Јулија Навална, сопруга на невино уапсениот и осуден руски дисидент и остар критичар на власта на Владимир Путин,  која во кусото обраќање рече дека го сонува денот кога нејзиниот сопруг, за кого е направен и наградениот документарец, ќе биде ослободен.

Веднаш по соопштувањето на наградите , тргнаа во јавноста и бројните коментари околу наградените и оние кои останаа без нив.

Како кандидати за најдобар филм имаше десет  филмови ,а како фаворите, покрај победникот,  беа споменувани  „Аватар“, „Тар“, „Елвис“ и „Се е тивко на западниот фронт“, како што е оригиналот на насловот. Беше номиниран и филмот „Топ Ган- Маверик“ со Том Круз. Во таа група беа и германскиотанти воен филм, потоа филмот  „Елвис“, приказната за рок легендата Елвис Присли, како и драмата „Фабелманови“.

Кејт Бланшет беше фаворит за Оскарот за најдобра женска улога во филмот „Тар„ но академијата за најдобра, сепак, ја прогласи Мишел Јео.

Детето од „Индијана Џонс“

Оваа 60 годишна Малезијка по потекло, долго време е на филмот, но сега е првата Азијка која ја освојува престижната награда. Како изненадување се смета и Оскарот на ветеранката Џејми Ли Кертис, која дури на 62 години и после бројни улоги стана и оскаровка.

Најголем аплауз од присутните, сепак,  доби американскиот Виетнамец Ке Хуи Кван кој е најграден за најдобра споредна машка улога.

Тој на филмот, за прв пат, се има појавено уште како дете, во 1984 година. Во вториот филм за професорот – авантурист Индијана Џонс, во улогата на малечкото дете кое од почетокот патува со Индијана во сите негови авантури и доживувања. Брендан Фрејзер, пак, неочекувано го победи фаворитот за наградата, ирскиот актер Колин Фарел.

Германците имаа можност на својата кинематографија да и донесат Оскар и за најдобар странски, како и за најдобар филм за оваа година, но „Се тивко на западниот фронт“ не успеа во тоа. Сепак, освои четири Оскари и тоа е најголем успех на  германскиот филм досега. Ниту еден филм од германското говорно подрачје нема освоено толку награди Оскар.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе