Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Во Египет пронајдена „скриена пирамида“

Во Египет пронајдена „скриена пирамида“

Египетските археолози соопштија дека е пронајдена една  „скриена пирамида“ која била во внатрешноста на најпознатата Кеопсова пирамида, која е стара 4500 години.

Новото (изненадувачко) откритие е составен дел од големиот истражувачки проект за скенирање на пирамидите, што е започнат пред седум години. Станува збор за меѓународен проект кој е заснован на користењето  врвна технологија со чија помош археолозите можат да навлегуваат во „запечатените“ коридори на овие големи зданија.

За таа цел се користат, главно, инфрацрвени и термички зраци, потоа  рентген  и други зраци за кои  се знае дека не ја оштетуваат структурата на градбата што се истражува. За тоа се користат и ултра звукот, како и  тридимензионалната симулација. Со целата оваа современа технологија и со бројна друга техника  се испитува комплетната структура на старите градби.

Во случајот на Куфу пирамидата, како што сега се означува Кеопсовата пирамида, најсовремената технологија им помогнала на археолозите да го откријат, а потоа и да продрат во „запечатениот“ дел кој сега се знае дека се наоѓа над главниот влез на градбата. Коридорот што не е достапен од надвор има должина од девет, а е широк два метри.

После ова откритие, целиот научен тим има работено на тоа – на кој начин би можело да се пробијат во тој мал простор. Тоа им успеало со помош на мал ендоскоп ( со дијаметар од 6 мм.) кој им овозможил да ја снимат внатрешноста на новооткриениот простор во големата пирамида.

Еден од археолозите изјавил подоцна дека сега се настојува да се открие што се друго би можело да има во сите досега познати градби, во реонот на Гиза комплексот од пирамиди , што е лоциран во непосредна близина на Каиро.

Куфу  порамидата е така наречена според фараонот од четвртата династија кој владеел со Египет од 2509 до  2483 година пред нашата ера. Висока е 146  метри и до 1898 година важеше за највисоката градба во светот, се до изградбата на Ајфеловата кула.

Куфу (Кеопсовата) пирамида беше и останува главната туристичка атракција на денешен Египет.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе