Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Еделвајс во Кремљ

Еделвајс во Кремљ

Пред годишнината од инвазијата врз Украина, со ништо и од никого не испровоцирана, Владимир Путин, два часа во Москва зборуваше за неговата „специјална воена мисија“ против „ненародниот режим“ во Киев и притоа, настојуваше на секаков начин ( уште еднаш) да ја оправда својата погрешна одлука . Да се изврши агресија врз една суверена, независна, соседна држава и да ги вовлече и Русија, а и Европа во вистинска , освојувачка војна на тлото на Стариот континент, каква немало од 1945 година, од поразот на германскиот нацизам.

Како школуван кагебеовец, воспитуван во времето на советскиот комунизам- да мрази, никому да не верува и да гледа непријатели во Западот, во Америка и НАТО- тој во своето обраќање пред  руската политичка елита, отиде и подалеку од советските комунистички лидери Никита Хрушчов и Леонид Брежнев.

Тие се соочуваа со потешки ситуации, кризи и промашувања на политиката на Москва, од нивно време, но имаа и повеќе такт и повеќе самоконтрола при  осудите и пресметките  со „другата страна“ иако и тие немаа за тоа никакви аргументи.

Ароганција и фрустрација

Тогаш тоа беше време на судир на две идеологиии, а тоа и такво време трпеше и такви јавни конфронтации и дисквалификации, во кои „аегументите“ беа само соголена пропаганда.

Но, Путин почна војна и го растури се она што трпелививо беше градено од падот на Берлинскиот ѕид  и  на комунизмот, само поради својата ароганција и фрустрација,

Во  настојувањето своите 70 години и 22 години како владетел на Русија, да ги одбележи со создавање на еден нов СССР –  да може да владее додека е жив и за да стане светски лидер, како оние од Кремљ, во комунистичкиот период.

На тој пат се испречи Украина со својата легитимна одлука – самата да го избере патот во иднината- свртена кон Западот, или оставена на Истокот, како вечен сателит на Русија. Кога се одлучи за Западот, Путин ги испрати своите трупи да го окупираат Крим и да покренат бунт во Донбас.

Измислениот „нацизам“ на Киев

Кога сфати дека оние во Киев нема да попуштат, да се предадат и да капитулираат, ја измисли приказната за „неисполнетиот договор од Минск“ ( за што голема одговорност има токму Москва) како изговор за да ги признае отцепените делови од украинскиот Исток. Потоа, измисли нова лага за Европа и светот – дека 120 илјади руски војници „ се на вежба“ на границата со Украина, иако сите  знаеја дека се подготвува агресија.

Една година подоцна , Русите, европската и меѓунардната јавност, одново ја слушаат приказната за тоа дека Киев, Западот, Америка, НАТО се виновни  што Путин изврши агресија врз независна држава на која Москва и ја има гарантирано територијалната целовитост- со специјален договор од пред 30 години.

И, одново се слушаат бесмисленостите дека НАТО спремало агресија врз  територијата на Русија , која била од сите страни заобиколена со Алијансата,( како што тоа беше и во времето на еден Брежнев, на пример). Сега, меѓутоа, повеќе акцентирајќи го дисквалификувањето на власта во Киев, која после 2014 година ( и првата руска агресија) – наводно, се претворила во  „нацистички режим“.

Лажни теории на Кремљ

Тоа, според Путин било основното за да се покрена армијата во војна. Според насилничката логика на рускиот владетел и на Кремљ, за да се собори „нацизмот“ во Украина- всушност, за да се зобори Зеленски, неговата влада, за да се постави проруска власт која ќе игра како што ќе и се наложи од Москва.

Какви  аргументи има Владимир Владимирович за некаков нацизам во Киев , кога тој го финнсира европскиот неонацизам и ултрадесничарењето во Европа и на Западен Балкан, за да ја дестабилизира ЕУ и за да спречи таа да се проширува? Па, нема аргументи, затоа што станува збор за најобично клеветење со кое се настојува да се оправда војна со убивање и ликвидација на цивили и  со  целосно разурнување на една држава.

На последните украински парламентарни избори во 2019 година, крајната десница во Украина  освои само 2,5 отсто од гласовите. Згора на тоа, актуелниот украински претседател , против кого Путин има покренато хајка за да на секаков начин го тргне од власт, е Евреин по потекло. Неговото семејство е десеткувано во Холокаустот од нацистите, па сега делува како тој да е  единствениот „еврејски нацист“.

Москва бара изговор

Фалшивата теорија , меѓутоа, треба да се однесува за десничарската националистичка група  „Азов“ која во еден период, има давано изјави со подршка за нацистичката идеологија. Но, кога почна рускиот бунт во Донбас,  нејзините припадници се јавија како доброволци против рускиот сепаратизам во Луганск и Донецк , каде , инаку, војуваа платениците на истата таква, руска група – „Вагнер“.

Кога , пак, лани во февруари, Русите ја почнаа инвазијата, „азовци“ беа приклучени во регуларната украинска војска, а Зеленски подоцна,  специјалната единица која војува на Истокот од Украина , ја означи како специјален полк „Еделвајс“.

Рускиот МИД веднаш следниот ден, објави дека Москва во тоа гледа доказ за „нацизмот во Украина“,  поврзувајќи го – според името- украинскиот полк со планинската, нацистичка единица, од времето на Адолф Хитлер, за која се знае дека во текот на Втората светска војна има извршено воени злосторства.

Оклеветен алпскиот цвет

Еделајс, пак е алпско цвеќе кое го има само во реонот на европските Алпи и по автоматизам, не може да се врзува за нацизмот.

Се среќава , како димбол и име на разни планински, спасувачки служби (како  во Хрватска, на пример), но и низа воени единци во армиите на неколку држави , како Швајцарија или Полска. се обележени со симболот на овој алпски цвет.

Конечно, путинова Русија има своја специјална единица – која се вика „Еделвајс“- создадена во 2011 година, а унапредена во полк пет години подоцна.

Вториот „грев“ на Киев што Путин го користеше  како оправдување за војната, е наводната, намера на Украина да се вооружи со нуклеарно оружје- тврдење кое со ништо не го докажа, а за кое и независни воени експерти велат дека е обична измислица.

Само Путин е агресор во оваа војна

Украинците и да сакаат , во овој момент ниту можат да создадат, а уште помалку да набават такво оружје. Со него од почетокот се заканува Кремљ, но и самиот Путин, а посебно оние кои зборуваат наместо него ( како Дмитри Медведев), а тоа одново го повтори рускиот претседател и во свото обраќање во Москва.

Руската страна добро знае дека Украина во 1991 гдина, при распадот на СССР ( како независна држава) беше трета нуклеарна сила во тогашна Европа. Но, при правњето на договорот меѓу Киев и Москва, за меѓусебно признавање, Украинците се откажаа од советското нуклеарно оружје на своја територија и го предадоа на Русија, која тогаш обезбеди и специјален статус за својата Црноморска флота на Крим.

Како и да е, Владимир Путин може да зборува како сака и да вади некакви теории за (наводна) загрозеност, но тој во секој случај влегува во европската историја како првиот агресор после Хитлер.

Без разлика колку многу ќе настојува да и се прикаже на јавноста на Русија  како нејзин бранител. Станува збор за таа иста јавност која продолжува да реагира апатично на војната, но која истовремено останува мирна. Како да нема војна  во соседството, што за Кремљ е најважно.

Апатична руска јавност

Руски социолози велат дека јавноста е таква само од страв од одмаздата на режимот и од целосното отсуство на она што се нарекува демократски наратив во земјата. Генерации и генерации Руси живеат во услови на тоталитарни режими, или на крајно ограничена демократија.

Затоа  слушаат и го примаат за војната она што Путин им го дава како единствен факт, иако истите тие се спремни веднаш да прифатат мир во Украина- со или без Донбас , па дури и Крим.

Но, тоа му го остават на семоќниот Путин и на неговата волја – како  да заврши со војната, а да има некаква победа на свое конто. Знаејќи притоа дека доколку нема да обезбеди „нешто“ што ќе ја покаже руската армија победничка, а нејзиниот 12 месечен поход- победа на „ мајка Русија“- ќе биде тргнат од власт.

Веќе има доволно понижувачки ситуации- како на фронтот, така и што со оружје го снабдуваа еден Иран , или Северна Кореја и (веројатно тајно) и НР Кина.

Вагнер на Хитлер

Згора на се, еден Евгениј Пригожин и неговиот „Вагнер“ излегува дека ја спасуваат руската војска , таму каде масовно гинат платеници, затвореници кои си ја купуваат слободата доколку преживеат. Тоа го присилува го рускиот претседател да молчи кога овој ја критикува армијата, нејзиниот команден кадар, министерзтвото за одбрана и началникот на Генерал-штабот- за наспособност и за незнаење да ја водат војната.

Дури и во  моментите кога Путин настојува сите да ги убеди дека победува и дека војува за националните интереси на Русија, Пригожин остро им замера на сите што го оставиле без муниција на фронтот.

Затоа, треба да се претпостави дека рускиот претседател, во секој случај , е свесен  дека могу работи  со војната се згрешени- и во проценката за Украина и за тоа како да се води војната.

Има згрешено и што дозволи „Вагнер“  да му биде сојузник . Една паравоена единица од платеници која го носи името на германскиот композитор Вагнер- чија музика бескрајно ја обожувал Хитлер.

(Спектатор)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе