Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Германка тврди дека е грабнатата Англичанка

Германка тврди дека е грабнатата Англичанка

Млада Германка на видео снимка која е поставена на Инстаграм, тврди дека таа е грабнатото англиско девојче Мадлин Мекан, кое исчезна во Португалија, пред без малку 16 години.

Во својата објава на социјалната мрежа, Германката која има 21 година, се жали дека никој – ниту германските власти, а ниту било кој во Британија-  ја нема сослушано, па излегува  дека никој не сака да провери дали  ја зборува вистината. Самата им се нуди на родителите на исчезнато девојче од англискиот град Лестер да ги посети и да се сретне со нив.

Од  родителите на Мадлин – Кејт и Гери Мекан, младата Германка бара да прифатат  да се направи и ДНК тест – за да се утврди нејзиниот  вистински идентитет, но според лондонскиот весник „Дејли Мирор“ семејството се оглушува на ваквите апели.

Бара средба со родителите

„Помогнете, морам да разговарам со Кејт и Гери Мекан. Мислам дека би можело токму јас да бидам нивната исчезната Мадлин. Мора да се направи ДНК тест“- има напишано Германката на Инстаграм.

На видео снимката што ја има поставено , таа покажува делови од кожата и еден младеж кој е на истото место како и оној што го имало малечкото девојче пред да исчезне.  За ваквото свое тврдење таа се повикува на искажување на нејзината баба, потпишувајќи се на Инстаграм со- iammadeleincann.

Таа тврди дека се сомнева и во нејзината возраст и е убедена оти има помалку години- односно, дека намерно е запишана како постара за да се заметне трагата по грабнувањто.

Мадлин Мекан, доколку е навистина жива, сега треба да има 19 години.

Мадлин ја нема 16 години

Малечката Мадлин исчезна на почетокот од мај 2007 година, од апарманот во одморалиштето Праја да Луш, во португалскиот туристички центар Алгарве , додека со своите брат и сестра- близнаци спиела во собата. Децата биле оставени сами, додека родителите, со поголемо друштво Англичани, дојдени на одмор, биле во еден ресторан на вечера, во непосредна близина на хотелот каде биле сместени.

Кога родителите се вратиле, утврдиле дека малечките близнаци мирно спијат, додека тригодишната Мадлин ја нема. Веднаш била покрената потера ,а португалската полиција отвори истрага која за малку ќе се претвореше во меѓудржавна караница меѓу Лисабон и Лондон, откако португалската полиција- во еден момент- почна да ги обвинува родителите.

Кејт и Гери Мекан и обајцата лекари, беа осомничени дека  ненамерно ја убиле својата тригодишна ќерка, давајќи и поголема доза препарат за спиење . Кога виделе што направиле, ги фатило паника, па на брзина го закопале телото на девојчето и покренале тревога дека детео е исчезнато и дека е киднапирано.

Полицијата смета дека девојчето е мртво

Ваквата приказна подоцна беше соборена откако за тоа не се најдоа никакви докази, а не се откри ниту телото на девојчето. Поради тоа,  главниот инспектор во Алгарве кој ги обвинуваше родителите  и дури ги убеди португалските весници да веруваат во една таква верзија, беше сменет и отпуштен од полицијата. Но, од тогаш Мадлин Мекан ја нема без трага, иако во потрагата се имаат вклучено и приватни детективи.

Полицијата во Британија, но и во Германија, верува дека девојчето не е живо, односно дека е убиено од грабнувачот. Минатата година, германската полиција, за прв пат , обвини еден германски педофил кој е веќе во затвор за друго кривично дело,  за тоа дека ја има грабнато и убиено малечката Англичанка.

Сегашните апели на Германката која верува дека таа е Мадлин не наидуваат на разбирање, затоа што таа не е првата која во изминатите години се има јавено, тврдејќи дека е Мадлин Мекан.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе