Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Нема да го убијам Зеленски“

„Нема да го убијам Зеленски“

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет тврди дека има добиено ветување од Владимир Путин дека –  нема да го убие Володмир Зеленски – легално избран претседател на Украина.

Изјавата на Бенет се однесува на неговата средба со рускиот претседател , што се одржала на 5 март  минатата година во Москва, во првите две недели од почетокот на руската   инвазија врз украинската територија.

Тогашниот премиер на Израел отпатувал во рускиот главен град за да се обиде да посредува за преку=инување на воените судирања , интересирајќи се притоа и за судбината на украинскиот претседател кој има еврејско потекло.

Чесен збор од Путин

„Знаев дека Зеленски се соочува со заканата да биде ликвидиран , па затоа во тоа време беше сместен во посебен бункер. Директно го прашав Путин – дали намерава да го убие украинскиот претседател , на што рускиот претседател реагираше отфрлајќи  таква можност “- рекол Бенет во едно интервју во Израел, велејќи притоа  дека веднаш потоа уште еднаш го прашал Путин за судбината на Зеленски.

„Морав одново да прашам- овој пат малку поинаку- дали претседателот на Русија ми дава збор дека ветувањето ќе го исполни. На тоа тој ми рече : Јас нема да го убијам Зеленски“- вели сега поранешниот израелски премиер.

Разговорот меѓу двајцата политичари во Кремљ, траел три часа, по што Израелецот веднаш му се јавил на украинскиот претседател  за тоа дека „има сто посто гаранции“ од Путин за својата лична безбедност.

Обид на „Вагнер“ за ликвидација

Изјавата на Бенет доаѓа по откритијата на израелски медиуми , добиени од сознанијата на тамошните тајни служби за тоа дека досега имало неколку обиди за да се ликвидира Зеленски.

За овие заговори нема официјална потврда, но според разузнавачки информации, зад обидите да се убие претседателот на Украина стојат специјалци на паравоената, платеничка војска „Вагнер“ која сега се прикажува како „безбедносна компанија“ . Со неа управува Евгениј Пригожин , човек моѓне близок со Путин, како и припадници на чеченските групи за ликвидација на Кадиров.

Бенет настојува да се прикаже како успешен миротворец , па сега тврди дека рускиот претседател му ветил и дека нема да ја разоружа Украина , по што од Киев се огласил Зеленски со изјава во која има речено дека се откажува од намерата земјата да стане членка на НАТО.

Во тоа време , откажувањето од влез на Украина во Алијансата беше услов на Москва за отворање преговори за прекин на војната, како што (наводната) закана од НАТО, за Путин беше изговор за агресијата врз соседната држава.

Преиспитување во Ерусалим

Израелскиот политичар сега уверува дека целата негова посредничка акција, со патот во Москва и разговорот за судбината на Зеленски, била во координација со САД.

Нафтали Бенет , инаку, претходно беше сојузник на Бенјамин Нетанијаху, а потоа стана негов противник. Тој беше првиот ортодоксен Евреин поставен за премиер на Израел, уште на коалција од осум партии од кои една (за прв пат) беше од блокот на израелските Арапи.

Во Москва, Бенет има патувано во време на верскиот празник Шабат, кога религиозните Евреи никаде на патуваат, освен во случај на болест, или од безбедносни причини. Станува збор за податок со кој  се настојува да се истакне големината на акцијата што Бенет ја има направено пред 11 месеци.

Како и да е , пред скорешната годишнина од инвазијата и руската агресија, интернет страницата „Аксиос“ открива дека одново избраниот премиер Нетанијаху сака да ја преиспита позицијата на Ерусалим кон војната во Украина, откако Бенет настојуваше да биде – повеќе, или помалку неутрален.

Без верување во Москва

„Аксиос“ се повикува на свои разузнавачки извори според кои Израел би сакал  да и помага на украинската страна, но притоа да не предизвика криза во односите со Москва.

Колку за потсетување, двете страни се инволвирани во долгата војна во Сирија, каде руски и израелски авиони , практично, патролираат едни покрај други на сириското небо, без притоа да не се судрат меѓусебе.

А, што се однесуава до ветувањето на Путин , дадено на Бенет околу безбедноста на Зеленски- впечаток е дека не би  требало воопшто да му се верува на рускиот претседател и тогаш  кога дава чесен збор.

Особено откако ги измами сопствената руска јавност, Европа и светот кога минатата година, во ова време и тој и неговите соработници категорично демантираа дека Русија не планира инвазија на Украина, обвинуваќи го Западот за „ антируска кампања“ . Се  додека неговите тенкови и руската војска, на 24 февруари 2022 година,  не почнаа да навлегуваат на украинска територија со намера да ја окупираат и покорат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе