Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Путин ќе го признае Косово за Крим“

„Путин ќе го признае Косово за Крим“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави во Загреб дека – „кога тогаш, Владимир Путин ќе го признае (независно) Косово , поради Крим”.

Според неговото мислење, Косово и косовското прашање  од подамна не се  внатрешна работа на Србија , па затоа и Белград ќе мора да ја прифати реалноста и да ја признае косовската независност. Особено во сегашните услови, кога војната во Украина значи и почеток на крајот на српско-руската романса.

„Србија ќе сфати дека (во односот со Русија во основа) се има претворено како некаква измамена љубовница. Примерот на Косово на Русија и е преку потребен. Едноставно и стои пред очите , па затоа  нема бескрајно да чека да го признае Косово , затоа што тоа и е потребно за да го легализира својот статус на Крим.

Во такви услови, Србија веќе и пречи на Русија ( со своето непризнавање на косовската независност)“- има речено Милановиќ на прес-конференцијата одржана по разговорите што ги имал со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар.

„Работата е завршена“

Хрватскиот претседател има речено дека не знае како тоа ќе го изведе Белград, но верува дека  Србија „на некој начин ќе мора да признае дека Косово е независно“, а дека за возврат, косовските политичари ќе мораат да прифатат создавање на Заедница на српски оптини (ЗСО) на својата територија, за што, инаку,  еднаш се согласиле и за тоа имаат потпишано договор.

„Тоа е готова работа. Србија го има загубено Косово во текот на војната. Затоа и им зборувам на странските државници да го признаат Косово како независна држава, доколку тоа се уште го немаат направено“- зборувал Милановиќ.

Ваквата изјава доаѓа набргу по претходно изнесеното мислење на претседателот на Хрватска дека „Косово е грабнато од Србија“ што наиде на воодушевена реакција на белградските нациоалистички и антизападно определени таблоиди, како и на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

Контроверзна изјава

„Го анектиравме Косово – ние и меѓународната заедница. Го одзедовме од Србија“ – има речено Милановиќ само два дена пред тоа, зборувајќи за војната што Украинците ја водат со Русија. При тоа,  не ја брани, па ја квалификува како „мрачна сила“, но ја означува и како опасна нуклеарна сила која ( како што тој верува)-  не може да се победи.

Затоа го осудува натамошното вооружување на Украина од страна на земјите на ЕУ и НАТО ( каде Хрватска е членка) и инсистира на тоа – „Украинците да се натераат на преговори„ за да заврши војната и убивањето  невини луѓе.

Во тие рамки тој има зборувано дека Русија и Србија не се исто и притоа го има споменато Косово. За тоа дека „е грабнато“ од Србија , откако претходно ќе забележи дека Русија ( во покренатата војна) „ има нешто што го гледа како свој интерес“.

Сепак,  останува до крај нерајазснето дели хрватскиот претседател смета дека и Украина (некој) и ја има грабнато на Русија и дека како „руски интерес“, земјата треба да и се препушти на Москва. Уште повеќе што тврди дека  Крим никогаш повеќе нема да биде Украина.

Без реакција на Белград

Од Белград никој не му одговори со благодарност. Српскиот претседател , со кого хрватскиот вели дека нема разговарано  од 2015 година, од времето на големата мигрантска криз. Во тоа време,   Милановиќ беше премиер на Хрватска и „војуваше“ со Виктор Орбан кој мигрантите ги префрлаше на српска и хрватска територија, правејќи ограда на границата и расистички чувајќи ја Унгарија од „нехристијаните“.

Српскио претседател, во оваа прилика,  има само речено дека- му треба време за да ги анализира зборовите на колегата од Загреб.

Сега, хрватскиот претседател зборува дека не му требат пофалби од Белград за она што го има речено околу „грабнувањето“ на Косово (во 1999 година) , но дека не сака да биде пакосен кон  српскит државен врв, инсистирајќи дека Косово одамна не е внатрешна работа на Србија.

Ако во Белград рабраа за што зборува Милановиќ, кога зборува дека Путин , но и Србија ќе мораат да ја прифатат и да ја признаат косовската независност, остро реагираа од Киев. Тамошното министерство за надорешни работи ја окарактеризира како неприфатлива изјавата на хрватскиот претседател Милановиќ за иднината на Крим .

Осуда од Киев

Украиската страна веќе на неколкупати се има судрено со претседателот на Хрватска.

Во  еден момент во Киев се размислуваше тој да се прогласи и како „персона нон грата“ откако силно почна да навива за руската страна и да го осидува Западот што и помага на Украина пртотив руските инвазион сили кои веќе дена година војуваат на украинска територија , анектирајќу делови од земјата и брутално униѓтувајќи ја земјата.

Во Загреб реагираше премиерот Андреј Пленковиќ, отфрлајќи ја изјавата на претседателот дека некој го анектирал Косово, или  дека и го грабнал на Србија.

Тој притоа, одново го критикуваше шефот на државата дека со своите јавни настапи , на кои како од ракав и често крајно недипломатски прави анализи за ЕУ и НАТО, за давањето помош на Украина, за војната што ја покрена Москва, како  и за мешународните состојби, само и носат штета на Хрватска и на нејзиниот надворешно-политички кредибилитет.

На линија со Орбан и Додик

Однесувањето на Зоран Милановиќ , во меѓувреме, предизвика реакција и во европската јавност, па реагираше британскиот весник „Гардијан“ кој го прекорува хрватскиот претседател за изјавата дека -е „неморално давањето оружје за Украина, затоа што се нема решение за војната“, како да се ЕУ и светот виновни за неопрвданата инвазија на путинова Русија од 24 февруари минатата година.

Милановиќ зазема ставови против ЕУ и западните сојузници , откако во 2019 година беше избран за претседател како левичарски кандидат. Сега меѓутоа,  својата политика ја ускладува со унгарскиот премиер  Орбан и со сецесионистичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик- има напишано лондонскиот весник.

„Гардијан“ потсетува дека тој изминатите месеци даваше изјави против влегувањето на Шведска и Финска во НАТО, заканувајќи се со вето, на кое инаку, нема право, застанувајќи на тој начин на руската страна, која се заканува со контра-реакција ако овие две земји од северот на Европа влезат во Алијансата. Конечно , хрватскиот претседател е против секаква помош што ЕУ ја дава на Укртаина во нејзината борба за слобода и независност.

(З.Х.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе