Данска укинува државен празник за заштеда
Владата на Данска му понуди на Парламентот да усвои закон со кој се укинува еден државен оразник, како мерка за заштеда, но ваквиот потег на центристичката коалиција на премиерката Мете Фредериксен предизвика бранување на домашната политичка сцена, на синдикатите, па дури и на црквата.
Станува збор за пролетниот државен празник, познат како – Големиот ден за молитви – што одамна се прославува, па затоа Даниците не одат на работа, во четвртиот петок после Велигден. Тој е еден од вкупно единаесте државни празници кои во Данска се означени како неработни, по што земјата е меѓу државите со најмногу празнични ( неработни ) денови во ЕУ.
Штедење пари за одбрана
Во предложениот закон се наведува дека со укинувањето на еден од празниците , државата ќе заштеди пари што ќе бидат искористени за зголемување на финансиите определени за одбраната. Според владиниот план, на овој начин јавните средства ќе се засилат за над три милијарди круни , или за дополнителни 440 милиони долари.
Ваквата стратегија, всушност, е во функција на ускладување на Данска со целите ма НАТО за достигнување на минималните два отсто издвојувања од државниот буџет за Алијансата и за вониот буџет на државата- во периодот до 2030 година. Тоа се смета во Копенхаген претставува и одговор на руската инвазија врз Украина и на вкупната закана на путинова Русија врз Истокот на Европа, регион во соседството на Данска.
Предлог-законот на владата, меѓутоа, не наидува на одобрување во јавноста, како и во религиозните кругови, иако само 3 отсто од речиси шест миони Данци одат редовно во црква. Дури 73 отсто од населението се приадници на Лутеранската црква која официјално важи за водечка, религиозна група.
Десничарите и црката се против
Не се задоволни ниту синдикатие кои , по традиција, се блиски до сега владеачките социјалдемократи од чии редови е и премиерката Фредериксен. Тие дури имаат собрано и 400 илјади потписи против предложената мерка, за да , како што велат – и се стави на знаење на владата да се откаже од укинувањето на еден од државните , неработни, празници,
Без разлика што тој во основа е религиозен празник и повеќе е дел од една традиција.
Данските десничари и националисти побразаа да го стават предлог законот во рамките на својата идеологија, уверувајќи ја јавноста дека тој е против се она што „ претставува дел од данската култура, од историјата и од данските корени“, за што популистичката десница го смета Големиот ден за молитви.
Има и спротивставени мислења кои не се против владиниот предлог-закон и кои тврдат дека во инсистирањето на опозицијата и на црквата да не се укинува празникот стои само евтин популизам и додворување на гласачите. Според нив, во целата врева најмалку од се станува збор за верата и за религијата, како и за данската традиција.
Едноставно, сметаат оние оние кои ја подржуваат владата , во прашање е само желбата да не се измени она за што противниците за заинтересирани- да не се работи, а да се зема плата.
Поучен урок
Во секој случај, станува збор за еден необичен начин како да се дојде до заштеда на пари и до дополнителни средства во државната каса – со укинување на еден од бројните празници што ги слави Данска.
Без разлика како ќе помине законот во Парламентот во Копенхаген, станува збор за (уште еден урок) од Данска, земјата која по многу параметри е водечка во Европа и светот и се зема како земја за угледување и за пример.
Посебно поучен овој потег на Данците е за земјите од Западен Балкан и над се, за македонската „традиција“ да не се работи колку што може повеќе со разните домашни празници кои ги има наметнато еден поразен , поранешен режим, продавајќи популизам , низ лажната религиозност и таквото толкување на минатото.
(К.Д.)