Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Обид за грабеж на десетонска статуа на фараон

Обид за грабеж на десетонска статуа на фараон

Три лица во Египет се обиделе да украдат статуа на фараон , тешка десет тона. Инцидентот се случил во градот Асуан , на египетскиот југ , околу 680 км. од Каиро, каде тројцата крадци користејќи дигалка за тешки товари се обиделе да ја грабнат неколку илјади години старата статуа на фараонот Рамзес Втори,

Египетските власти кои го потврдиле случајот , соопштуваат дека полицијата успеала да ги фати и да ги уапси крадците.

Фараонот Рамзес Втори

Според шефот на локалната полиција, имале со себе разна опрема за изведување на кражбата. Покрај дигалката, полицајците откриле и броен рачен алат и орадија за ископување, најверојатно, за да обезбедат пристап за дигалката и за да може со неа да се подигне   тешката статуа.

Фараонот Рамзес Втори потекнува од 19-тата династија и со Египет владеел цели 67 години, што е невообичаено долго за античкото време. Во  историјата е познат како еден од најголемите староегипетски владетели, а негово време се означува како врв на египетската моќ.

Познат е  по тоа што низ Египет од неговото време има изградено низа монументални споменици меѓу кои некои од нив денес се означуваат како највредни сочувани дела од староегипетската култура- храмот Абу Симбел , подигнат покрај брегот на Нил, потоа зданијата во антички Карнак, денес Луксор и во антички Мемфис, локација во близината на Каиро.

Вратени над 29 илјади антиквитети

Полицијата веднаш има покренато истрага за инцидентот со дрските крадци, настојувајќи да открие кој стои зад обидот да се украде Рамзес. Се претпоставува дека станува збор за нарачана кражба , на купувач  надвор од Египет кој веројатно и го финасирал обидот за грабеж, затоа што е малку веројатно дека крадците планирале да ја продадат статуата некому во државата.

Египет со години на ред има проблеми со разни крадци на историски вредните и на црниот пазар скапи предмети од античко време, но се смета деа ова е прв пат некој да се обиде да украде статуа од десет тони.

Во изминатите дест години Египет има успеено да врати од странство околу 29 илјади антиквитети.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе