Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

САД: Хаос со републиканците во Конгресот

САД: Хаос со републиканците во Конгресот

За прв пат по повеќе од 100 години, Спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, не беше избран во првиот круг од гласањето , кое досега (обично) се третираше како формално , откако една од двете партии на САД имаат обезбедено мнозинство.

Републиканскиот кандидат Кевин Макарти, не помина ниту во првиот, а ниту потоа во следните три круга од гласањето, иако опозициската Републиканска партија има обезбедено мнозинство на мид-терм изборите одржани во ноември. За избор му се потребни 218 гласови , што би биле сосема доволни за да стане новиот Спикер, затоа што републиканците имаат  222 места во Долниот дом  на Конгресот.

Потребно е само сите конгресмени на оваа партија да гласааат за својот кандидат. Но,  20 од нив, во четирите досега одржани изборни кругови ( до правењето на овој текст), одбиваат да го прифатат за свој лидер во Претставничкиот дом, блокирајќи ја на тој начин работата на целиот Конгрес.

Крајната десница против Макарти

Според оваа група, Макарти не е доволно републиканец , односно „не ги застапува конзервативните цели на партијата„. Всушност, тие сметаат дека тој е- како што велат- „дел од неуспешното републиканско партиско раководство “ кое , според нив,  само и служи на прогресивната (левичарска) политика за која се залага  демократскиот претседател Џо Бајден.

Во првиот круг од гласањето се случи кандидатот на Демократската партија Хаким Џозеф кој ја наследи Ненси Пелоси на лидерската позиција на демократите во Конгресот, да добие повеќе гласови од републиканецот Макарти. Само шест гласови му недостигаа на Џозеф да биде избран за Спикер. Тоа  се случи затоа што републиканците се остро спротивставени врз идеолошка основа , а сите демократски конгресмени сложно гласаа за својот кандидат.  Џозеф доби 212  гласови, а Макарти 203 .

На мид-терм изборите Републиканската партија го освои Конгресот на САД , но со многу тесно мнозинство – најмало во изминатите над 40 години. Републиканците освоија 222 конгресменски места, додека демократите на претседателот Џо Бајден- 212 места.

Станува збор за најтесна разлика уште од времето пред Бил Клинтон кој исто така на мид-терминот го загуби мнозинството во Конгресот. Со многу поголема разлика од повеќе од 60 конгресмени  загубија Џорџ Буш и Барак Обама, на пример.

Длабока поделба кај републиканците

Во секој случај, колкава и да изнесува разликата меѓу овие две партии , според Уставот, од редовите на победничката партија се избира новиот Спикер. Во случајов тој треба да биде републиканец.

Американски аналитичари веруваат дека ваквата ситуација е последица на „нездравото“ дејствување на Доналд Трамп кој го блокира Конгресот , откако на 6 јануари 2021 година , не успеа со својот десничарско-расистички бунт да ја поништи изборната волја на Американците и  уверливата победа на Бајден на изборите во ноември 2020 година.

Се смета дека ако не можеше тогаш, на насилен и нелегален начин да го овои Конгресот, тоа го прави сега блокирајќи ја неговата работа  преку една десничарска и ултра конзервативна група која инсистира да го собори Макарти .

Тој не беше миленик на Трамп и порано, а меѓу бунтовниците-конгресмени има од оние кои се лојални на Трамп и кои продолжуваат да ја застапуваат неговата поразена политика за една десничарска, популистичка , конзервативна и расистичка Америка.

Блокада на Трамп и „трамповци“

Сето тоа доаѓа откако „изборната фурија“ која Трамп ја најавуваше , тврдејќи дека ќе го прегази Бајден , со мнозинството про- Трамп кандидати за конгресмени , се претвори во фијаско за крајната десница и за поранешниот претседател, затоа што најголем дел од неговите кандидати беа поразени.

Сега републиканците кои ги застапуваат традиционалните вредности на оваа партија, остро го обвинуваат Трамп дека е главниот виновник за неуспехот на републиканците на мид-терм изборите.

Навистина, освоен е Конгресот, но со крајно минимална и неуверлива разлика, а Сенатот беше загубен, затоа што сега односот  е – 51 демократски сенатори, наспроти 49 републикански. До изборите во ноември, постоеше изедначена состојба, па демократите  ги надгласуваа републиканците со т.н. „златен глас“ на потпретседателката Камала Харис.

Во јавноста на САД, затоа, преовладува мислењето дека Трамп кој ја подели Америка како никој пред него  досега , сега ја растура и Републиканската партија, за која се смета дека тешко ќе се извлече од кризата со хаосот што го создава Трамп со своите „трамповци“ кои и натаму дејствува деструктивно на домашната политичка сцена.

Бајден: „Ова е срамота за Америка“

Како и да е , на Макарти му е потребна подршката од сите републикански конгресмени. Меѓутоа, на САД, пак, и е потребно што поскоро да се избере Спикер, затоа што без наго не може да функционира Конгресот . Избраните конгресмени не може да работат, без претходно да положат заклетва која не е може да се случи  без изборот на нов Спикер.

Во ваквата ситуација, мораше да интервенира претседателот Бајден кој ја критикуваше- како што има речено- неспособноста на репуликанците да се обединат во Претставничкиот дом , за да профункционира целиот Конгрес, како и за профункционира неговата законодавна работа.

„Ова веќе станува непријатно и не изгледа добро за Америка“- рекол Бајден.

Тој изразил надеж  дека републиканците, сепак, ќе се спогодат околу постигнување единство, притоа порачувајќи  дека „хаосот во Конгресот  претставува  срамота “ која светот ја гледа со големо изнендување и разочараност.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе