Украина: Прв пат Божик по нов календар
Мнозинството од населението во Украина е од православна вероисповест и тие Божик го празнуваа на 7 јануари, како што тоа го налага Руската православна црква (РПЦ) која, многу годнини, наназад, ја имаше корнтролата врз украинските православци, сметајќи ги за свои.
Но, оваа година за прв пат, раѓањето на Исус Христос во земјата погодена од руската инвазија и наметнатата брутална војна на путиноваа војска, се славеше на 25 декември. Онака како што тоа со години го прават низа европски православни цркви- грчката, бугарската, романската, албанската, грузиската и ерменската- меѓу другите.
Одделување од Русија и РПЦ
Ваквата промена до пред некоја година и во Украина се сметаше за „богохулство“ и се дисквалификуваше како (безмалку) свртување кон католичаствито, што е и неточно и дури и религиозно навредливо, затоа што крутото инсистирање на „стариот“ календар е само затоа што Москва настојува православниот свет да го стави под своја, руска контрола.
Работите во Украина почнаа да се менуваат откако пред три години Украинската православна црква (УПЦ) се оддели од РПЦ и се стекна со автокефалност, со одлука на Синодот на Вселенската патријаршија во Цариград ( Истанбул).
Во октомври годинава, сега втората православна црква во земјата, покрај руската, која и понатаму дејствува , водејќи „војна„ со РПЦ за прифаќање на верниците, објави дека годинешниот Божик ќе се одбележува на 25 декември.
На вкупно седум илјадите цркви распослани по украинската територија, УПЦ, сепак, им остави самите да се определат, како и можноста празникот да го одбележуваат и според едниот и другиот датум.
Национално и идентитетско прашање
Ваквата одлука на црквата во Украина, не е само техничко прашање, затоа што во основа ништо не се менува, туку носи со себе и религиозно, но и силно политичко определување. Земјата се соочува со силен ривалитет со другата ( руската) црква, па малите измени во тоа – на кој датум ќе се слави Христовото раѓање, имаат културолошко, национално, па и идентитетско значење.
Тоа е посебно изразено сега кога Украина и Украинците војуваат со Русија и со Русите, па затоа (се смета) дека за мнозинството украинско население промената на датумот на Божик значи многу повеќе- одделување на земјата од Русија, од руската култура и над се, од руското религиозно влијание.
За овие луѓе, после инвазијата од 24 февруари, се случува „забрзано будење и сознание во домашната јавност дека Украина и нејзиниот народ не можат повеќе да бидат дел од рускиот свет- па дури и по прашањето на црквата и славењето на сите важни религиозни датуми“.
Русија против автокефалноста на УПЦ
Руската црква, меѓутоа, продолжува да тврди дека има контрола врз православните верници и врз православието во Украина, не прифаќајки дека постои посебна , надвор од РПЦ, украинска црква – целосно отфрлајќи ја нејзината автокефалност.
Руската црква затоа не прифаќа измена на календарот и инсистира на тоа дека Божик е на 7 јануаари, односно 13 денови подоцна , од одбележувањето што се прави според грегоријанскиот календар што го користат најголемиот број од црквите во светот.
Католичката црква го има прифатено грегоријанскиот календар што се означува како современ и астрономски попрецизен го има прифатено уште во 16 век. Подоцна овој календар го имаат прифатено и протестстантските цркви и протестантите , а потоа и низа православни цркви.
Синодот на УПЦ има донесено одлука за менување на календарот, прифаќајки го грегоријанскиот , оставајќи им притоа на поглаварите на локалните цркви да можат- заедно со своите верници- да се определат кога ќе го прославуваат Божик.
Влијание на инвазијата и војната
Синодот открива дека за една ваква одлука се дебатирало со години, како и дека биле разгледувани сите опции за и против менувањњто на календарот на црквата. Но, признава дека на одлуката најмногу влијаела сегашната ситуација во земјата и војната што Русија ја има покренато против Украина, која РПЦ од почетокот на брани, ја благословува и ја оправдува , онака како што тоа го прави и Кремљ.
Медиумите во Киев откриваат дека мнозинството православци се свртуваат кон УПЦ и нејзината одлука за Божик , инсистирајќи дека црквата во која тие одат и на која и припаѓаат „ не може да биде поврзана со мрачњаштвото и злото кое денес го нуди и го наметнува Русија, чие однесување е против Христовото учење“.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј кој е духовен лидер на православната црква, во 2019 година и даде целосна независност и автокефалност на УПЦ, што дојде после низа години настојување на Украинците да имаат своја, посебна , украинска црква, одделна од руската. Посебно сега кога Украина од 1991 година е целосно независна држава.
Москва сака контрола врз православието
РПЦ и официјална Москва на тавата одлука реагираа со остро отфрлање и неприфаќање, прогласувајќи ја УПЦ како „расколничка црква“ .
Рускиот патријарх Кирил кој е близок до Владимир Путин таквиот потег на Вартоломеј го прогласи за „верски и историски погрешен и неточен“ инсистирајќи дека Украина религиозно и црковно не е под јуриздикција на Вселенската патријаршија, туку под руската црква- како нејзин составен дел.
Москва и Кремљ остро ја осудија одлуката на Цариград, затоа што таа е спротивна на настојувањето на Путин преку РПЦ да ја има политичката контрола врз православниот свет и врз Источна Европа и Балканот.
Руската црква , во договор со Кремљ, веднаш ги прекинаа односите со Вселенската патријарѓија , но и со Грчката православна црква која веднаш ја потврди одлката на Цариград. Зад руската црква отворено и со остра осуда, застана само црквата во Србија која ( од своја страна) неприфачајќи ја автокефалноста на УПЦ, ги прекина односите и со грчката црква.