Потрага по 12 милијарди германски марки
Повеќе од 12 милијарди германски марки, се смета дека се изчезнати, или едноставно ги нема, затоа што никогаш не се разменети за еврото, кога во 2001 година и Германија се откажа од својата дотогашната национална валута- марката и се приклучи на новозоздадена евро-зона , прифаќајки ја за своја заедничката валута на ЕУ.
Според банкарски извори на кои се повикуваат германските медиум, толку многу пари не се појавиле, односно никој не дошол за да ги размени за еврото, според првичниот курс- една марка за половина евро. Банкарите велат дека тоа може да се направи и сега, 21 година по префрлањето од марката на еврото, но признаваат дека досега никако не успеале да им влезат во трага.
Замената на марките се уште трае
Наместо тоа, медиумите и натаму ги шират бизарните проказни дека се сокривани во креветски душеци, или во делови од мебел низ станови и куќи во кои или сега живеат сосема други луѓе, или тие објекти се празни , затоа што некогашните сопственици се починати, не кажувајќи им пред тоа на своите блиски дека имаат сокриени од старите германски марки.
Приказницте за душеците одат и подалеку, па се мисли дека таквите стари предмети од некогашните домаќинства дури се и фрлени- со сокриените марки во нив.
Се раскажува приказната на еден млад Германец дека кога се подготвувал да ја продаде старата куќа на својот вујко- затоа што морал итно да плаќа некои долгови- во куќата открил пластични кеси и кутии од чевли полни со пари. Во нив имало околу 3,5 милиони марки (1,75 милиони евра).
Медиумите пишуваат и за случајот со едно парче од стар семеен мебел, што било подарено на хуманитарен центар во Лајпциг. Во него, случајно , во посебна комора, биле најдени, сокриени, 27 илјади марки.
Медиумите откриваат дека филијалите на германските банки и натаму купуваат марки од пред еврото и – велат- дека за една таква трансакција нема краен рок.
Откупени 49 милиони
Претставник на Централната банка на Германија има речено дека оваа година банките имаат откупено 49 милиони марки, што е висок износ после двете претходни „сушни“ години, поради пандемијата со коронавирусот. Но, тој проценува дека овој износ во следната и во наредните години ќе се намалува.
Банкарите сметаат дека и откупените 49 милони марки претставува „ситниш“ во споредба со изчезнатите 12 милијарди кои никаде ги нема.
Најверојатно , голем дел од тој огромен износ е трајно загубено – како отпад , на ѓубриштата, или запалено со предметите кои се фрлале- што од незнаење, а делумно и од невнимание- претходно детално да се прегледа тоа што се фрла.
Во Централната банка се верува дека дел од „исчезнатите“ марки, едноставно, се зачувани кај граѓаните за спомен и сеќавање , како и дека дел од нив ќе се најде во колекциите за нумизматика низ целиот свет.
Без трага на парите во сефови
Но, таквата можност се однесува за марките со помали апоени, посебно банкнотите од пет марки кои Германците велат дека тешко се наоѓале и „во она време“ . Прашање, меѓутоа, е каде ќе завршат банкнотите од 1000 марки.
Токму од нив недостасуваат 1,1 милион парчиња, што имаат вредност од 1,1 милијарди марки.
За нив се верува дека доколку и биле сокривани по домовите, тоа го направиле луѓе кои биле доволно богати за да сокриваат пари „ во душек„. И, тоа како на луѓе во Германија, така и низ светот, главно на Блискиот и Далечниот Исток.
Конечно, остануваат без трага сите марки кои се во разни банкарски приватни сефови, во Швајцарија и во Лихтенштајн, пред се. За нив се вели дека ќе треба да поминат уште долги децении пред банките да стекнат право да ги отворат оние сефови кои со години никој не ги има користено.