Борис Бекер протеран од Британија
Познатиот германски тенисер Борис Бекер, пранешен победник на турнирот во Вимблдон, беше ослободен од затвор во Британија, после осум месеци поминати во затворската ќелија, издржувајќи ја казната.
Некогашната тениска ѕвезда , во април годинава беше осуден на 2,5 години затвор- за измама кон законот за несолвентност, поврзано со неговото претходно објавено приватно банкротство.
Осуден на 2,5 години затвор
Бекер кој сега има 55 години, беше обвинет и осуден затоа што има сокриено ( од извршителите и побарувачите на долговите) 2,5 милиони фунти ( нешто помалку од три милиони евра) , од својот личен имот и парите кои ги имал- за да не може да им ги исплати побараувањата на оние на кои им должел- по банкритството.
Веднаш по ослободувањето од затворот, Бекер замина од Британија за Германија, со приватен авион на еден негов германски пријател. Но, прославениот тениесер, всушност, не замина туку така- британските власти го протераа , без правото да се врати на британска територија.
Претставник на британскиот Хоум Офис изјавил дека како странски државјанин кој имал само дозвола за привремен престој во Британија, поранешниот тенисер бил протеран по ослободувањето од затворот, што е нормална постапка во британското правосудство и таа не е на никаков начин специјална за случајот на Бекер.
Во Британија, германскиот тенисер живееше од 2012 година.
Измама за несолвентност
Од активното играње тенис Бекер се откажа уште во 1999 година. Во својата 15 години долга спортска кариера , шест пати беше победник на Гранд слем турнирите, од кои три пати на турнирот во Вимблдон.
Во 2017 година прогласи банкротство, откако не можеше да си ги сервисира долговите во износ од три милиони фунти- најголем дел од нив поврзани со имотот во Мајорка, во Шпанија. На почетокот од оваа година беше откриено дека Борис Бекер, сепак, не бил толку сиромав, односно дека има сокриено имот и пари во вкупна ведност од 2,5 милиони фунти, за што беше и осуден.
Пред да биде обвинет, работеше како аналитичар за Би-Би-Си во текот на одржувањето на вимблдонскиот тениски турнир, а извесен период работеше и како тениски тренер.