Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Французинот Бернар Арно е најбогат во светот

Французинот Бернар Арно е најбогат во светот

Бернар Арно претседател и извршен директор на француската компанија -„Луј Вутон, Мое, Хенеси“- сега е најбогатиот човек во светот, откако таа неформална титула ја презеде од американскиот контроверзен бизнисмен и најбогат Американец- Илон Маск.

Арно (73) се најде на врвот на листата на најбогатите, што ја прави списанието „Форбс“ со нето вредност на неговиот имот од 192 милијарди долари. Маск , кој до почетокот на оваа недела беше третиран како најбогат во светот со 200 милијарди долари, сега е потиснат од Французинот на второто место . Сега нето вредноста на неговиот имот се проценува на 185 милијарди.

Рокада на врвот кај милијардерите

Маск (51)  кој е извршен директор на компанијата „Тесла“, потоа на „Спејс Икс“, а од скоро и на „Твитер“ беше на првото место на листата на најбогатите луѓе во светот од септември 2021 година, кога неговото богатство го надмина она на основачот на „Амазон“ и поранешен извршен директор на оваа компанија Џеф Безос.

Ваквиот редослед на милијардерите и смената на врвот ја има потврдено и „Блумберг“ на чија листа Французинот Арно, сега, е рангиран како најбогатиот човек.

Причината за ваквата рокада и за падот на вредноста на имотот на Маск, главно, се врзува за проблмите што ги има со компанијата за електрични автомобили „Тесла“ , а посебно по падот на вредноста на акциите на оваа компанија на берзите, која сега е помала за 6,5 отсто.

Пад на акциите на „Тесла“

Бизнис експерти сметаат дека ваквата ситуација не е изненадување со оглед на потезите што Маск ги има повлекувано, кога стануваа збор за неговата намера – по секоја цена- да ја купи компанијата „Твитер“ за 44 милијарди долари. За комплатирање на купувањето, тој мораше да продава акции од другите негови компании, меѓу кои и од „Тесла“.

Но, Маск поседува околу 14 отсто од акциите на „Тесла“ и над 40 отсто од „Спејс Икс“ која се води како негова , приватна фирма. Бернар Арно, пак, поседува околу 60 отсто од сите акции на ЛВМХ („Луј Вутон,Мое, Хенеси“).

Пазарната вредност на „Тесла“ на почетокот од неделава изнесуваше 520 милијарди, додека на ЛВМХ ( најголема француска модна компанија) над 370 милијарди долари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе