Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Перу: Претседателот сменет поради обид за пуч

Перу: Претседателот сменет поради обид за пуч

Дина Болуарте (60) е именувана за првата жена претседател на Перу , откако досегашниот, избран, шеф на државата Педро Кастилјо беше  сменет со експресно спроведена постапка  за импичмент (отповикување) на перуанскиот Конгрес ( Парламент). На претседателската функција беше  само 17 месеци, од јули 2021 година

Болуарте  досега беше потпретседателка на Перу, а на новата функција  ќе остане  до крајот на јули 2026 година, кога истекува мандатот на сменетиот Кастилјо.

Удар и контра-удар

Промената во врвот на власта  се има случено по големото политичко бранување во земјата , кога во неколку часови неуспешниот обид за пуч на Кастилјо, заврши со негово отповикување од претседателската функција.

Прво, претседателот преку телевизиско обраќање до Перуанците , објави дека го распушта Парламентот и дека во иднина ќе владее со декрети .

Во таа прилика, Кастилјо (53) рекол дека веднаш ќе  формира нова, вонредна  влада , како и дека ќе создаде нов Конгрес кој во следните девет месеци ќе требаше да има задача да изготви и да донесе сосема нов Устав.

Самоуверениот шеф на државата уште им порачал на изненадената политичка јавност и на граѓаните дека воведува полициски час- во целата земја- што ќе трае од 22 часот навечер, се до 04 часит наутро.

Импичмент во Конгресот

Ваквиот потег веднаш бил означен како државен удар на претседателот и на тоа се спротивставила не само домашната опозиција , туку и партијата која се има изборено на изборите овој учител по професија, да ја стане перуански претседател.

На објавата дека е распуштен Конгресот, пратениците – само после неколку часови- реагирале со контра-удар. Претседателот на Долниот дом побарал и добил согласност за да се гласа за отповикување на шефот на државата, обвинувајќи го дека предизвикал пуч во земјата,  дека го погазил Уставот и дека дејствувал самоволно и без почитување на демократијата.

Пратениците го обвиниле дека е „морално неспособен да ја извршува функцијата“- обвинување со кое се оправдувало барањето за импичмент, инаку трето по ред  . Во Долниот дом бил обвинет за своеволно распуштање на Парламентот и за попречување на неговата работа.

Перуанската опозиција ја има контролата во Конгресот (80 од 130 пратенички места) ,па за отповикот на пратениците им биле потребни 87 гласови. При гласањето за импичмент се определиле 101 пратеник. Веднаш потоа, припадници на неговата, претседателска гарда го попречиле да побара засолниште во мексиканската амбасада во Лима, а неговата потпретседателка Болуарте беше прогласена за нов шеф на државата.

Трет претседател за четири години

Драматичниот пресврт во врвот на власта каков немало во Перу, земја позната по својата постојана политичка нестабилност,  се има случено  после бурни 17 месеци со Кастилјо на власт. Во тоа време, земјата се има најдено во уште  подлабока политичка криза , со постојани судири со опозицијата , во услови на „вечно“ присутната корупција и со неснаоѓањето на политички неискусниот политичар – да прави  чести, но бескорисни реконструкции во неговата влада.

Тој е трет претседател од 2018 годин што се обвинува и се менува поради „морална неспособност“, откако,  набргу по изборот, тогашниот претседател Педро Пабло Кучински беше обвинет за корупција и беше покренат процесот за импичмент, но тој поднесе оставка , па целата постапка беше запрена. Перу останува запаметен и по преседанот,  дури и за Јужна Америка- во 2020 година- во пет денови да се сменат  тројца претседатели.

Во меѓувреме, додека пратениците го „спасуваа“ Конгресот,  претседателот на државата  беше приведен од полицијата- за повреда на Уставот- и задржан во притвор. Медиумите во Лима објавија дека  се обидел да побегне и да се сокрие во зградата на амбасадата на Мексико.

Подоцна мексиканскиот претседател потврди дека Педро Кастилјо ( преку својот адвокат) побарал политички азил во Мексико.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе