Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Решение за Косово до март 2023?

Решение за Косово до март 2023?

Специјалниот пратеник на ЕУ за косовско-српскиот дијалог Мирослав Лајчак изјави дека „може да биде најдено решение  за нормализација на односите  меѓу Белград и Приштина, до рано на пролет. следната 2023 година“.

За приштинските медиуми Лајчак има речено и дека како основа за постигнувањето договор меѓу Косово и Србија е европскиот предлог, направен и силно подржуван од Германија и Франција , за кои Берлин и Париз се силно ангажираат.

Според европскиот пратеник, целта е да се постигне целосна  нормализација на односите (најдоцна) до крајот на идната година, објаснувајќи дека тоа што нема да се напави веројатно и воопшто нема да биде направено.

Но, Лајчак тврди дека и двете страни зборуваат дека отворениот дијалог им е значаен и на едните, и на другите, односно дека двете страни сакаат нормализација на односите.

Непотребно потрошено време

Сепак, многу време и непотребна енергија беше потрошено за работи околу распалените страсти и создадената криза за регистарските таблички на возилата во северниот т.н. „српски дел“ од Косово околу Митровица, како и за сообраќајните документи.

Со постигнатиот договор пред крајот на ноември, се смета дека сите вакви работи се надминати , па затоа и се верува дека сега целата енергија ќе може да се насочи на она што е најважно- за Косово и за Приштина, за регионот на Западен Балкан, но и за Европа.

Оптимизмот на Лајчак и (колку што се знае) за прв пат определвањето рок за решение за Косово, меѓутоа, се прима со резерви.

Посебно во регионот на Балканот, иако и на сите  им е мошне важно разрешувањето на косовското прашање, затоа што  сегашната атмсфера и во Белград и во Приштина , како и распалените националистички и квази -патриотски страсти , не влеваат оптимизам дека се би можело да се заврши во следните четири месеци.

Прв пат со рок за договор

Европскиот претставник не ја отфрла можноста и да нема договор до крајниот рок- а тоа е крајот на следната година, но забележува дека ако тоа се случи, тогаш нема да има ништо и од европскиот пат на Косово и на Србија, кон кој и двете страни се насочени- посебно српската страна- која веќе ги има започнато и пристапните преговори.

Изјавата на Лајчак дека се може да се среди до крајот на март, доаѓа по неколкуте изјави на косовскиот премиер Албин Курти. кои пред крајот на минатиот месец на неколкупати споменуваше дека нормализацијата на српско-косвските односи ќе се случи до 23 март.

Европскиот дипломат , така директно тоа не го потврдува, оставајќи рокот да се развлче , до период од една година, гледано од сега, што во крајна смисла значи исто. А, тоа е дека ЕУ , заедно со САД сега имаат поставено рок за да се постигне договор за нормализација.

„Црвени линии“ на Белград

Во Белгард, засега, нема реакција на изјавата на Лајчак кој за следната недела најавува нова средба на врвот меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер. Освен дека старо-новиот  шеф на српската дипломатија Дачиќ , одново зборува за „црвените линии“ на Белград – нема признавање на независно Косово, ниту негов  прием во ОН.

Тоа е различно од неговите претходни изјави во кои го дисквалификуваше Курти дека „живее во некаков паралелен свет“ кога зборува за рок за нормализација, затоа што според овој српски политичар- таков рок нема, ниту ќе има.

Лајчак, очигледно, не мисли така, без разлика што тоа внимателно го изнесува во јавноста, што од друга страна покажува дека зборовите  на косовскиот премиер ,  не се „дадени во ветер“. Од друга страна, тоа  значи дека ако  веќе знаела Приштина, дека ЕУ со САД поставуваат рок за завршување на работите околу Косово, треба да се верува дека тоа го знаеле и во Белград.

Размена на територии

Како и да е, впечаток на независни дипломатски посматрачи е дека српската страна останува на својата тврда позиција.

Тоа значи дека одбивајќи било какво понудено решение Белград сака постојано да го развлекува прашањето на Косово, до недоглед и да го „замрзне“ во добро познатиот руски стил, за да никогаш не се дојде до решение. Дури и без формално признавање на фактичката косовска независност.

Токму Дачиќ пред три години заговараше ( а во Белград велат) се има дговарано со тогашниот косовски претседател Хашим Тачи, за поделба на Косово- северна Митровица и целиот тој дел од земјата, да се припои кон Србија, а за возврат Косово да добие дел од Прешевската долина и признание.

На тоа, меѓутоа , остро се спротивставија во Брисел, а пред се, Германија и тогашната кацеларка Ангела Меркел , како и лидерите во регионот на Западен Балкан. За сите тоа ќе беше (и се уште е) опасен преседан – затоа што размената на територии може да покрене „домино ефект“ од кој ќе страда целиот регион, а пред сите, БиХ, но тоа може да отвори и нова „рана“ врз Европа.

Приштина го надмудри Белград

Сегашните најави за орочување на разговорие за Косово, доаѓа во време на продолжени политикански игри на Приштина и Белград и на настојувањето да се надмудри и порази другата страна.

Вистинска експлозија на гнев и тврда националистичка и дисквалификувачка реторика ( кон косовските Албанци) се случи во Белград , откако Курти  го надмудри српскиот претседател со кого преговара во Брисел, со именувањето  косовски Срби во својата влада.

Наместо од партијата Српска листа , преку која Белград манипулира и се меша во косовските работи, Курти за министер во неговата влада од редовите на Србите , именува политичар од друга српска партија на Косово. Таа не е врзана за партијата СНС во Србија на српскиот претседател, па затоа таму е екскомуницирана од провладините медиуми и од власта, а нејзините чланови се дисквалификуваат како „Срби на Албин Курти“.

Без разлика што поставениот министер не е туку така  „собран од улица“ , бидејќи , претходно на неколкупати бил и пратеник во косовскиот Парламент, а бил и министер во неколку влади во Приштина.

„Терористички и српски џган“

Ваквиот потег на косовскиот премиер, предизвика една (досега) ниту во регионот на Балканот, не забележана експлозивна реакција на Александар Вучиќ.

За нему крајно близката ТВ стница Пинк, налутен што Брисел и ЕУ не го осудиле политичкиот маневар на косовскиот премиер- едни Срби, да замени за други во владата во Приштина-  елиминирајќи ја на тој начин Српска листа и белградското мешање во состојбите на Косово, тој се нафрли врз сите со наврделиви коментари.

Српскиот претседател го означи Курти како „терористички џган“ иако овој никогаш не бил дел од ОВК , ниту војувал, додека како – „српски џган од дното на бурето“ ги квалификува Србите кои се согласија да ја заменат  Српска листа, која покоманда од Белград еднаш влегува, а потоа излегува од Парламентот и владата на Косово.

Вучиќ уште објави дека нема да присустува на специјалниот Самит ЕУ/Западен Балкан во Тирана ( на 6 декември) ,тврдејќи дека на таквите конференции „ се трескаат глупости“ и сите- како оние од Европа, така и оние од регионот – ја обвинуваат само Србија“

Србија го бојкотира Самитот

Ваквата тирада од Белград , успеа да ја шокира онаа јавност во Србија која сака да ја види својата земја во ЕУ. Таа јавност сега тврди дека  е осрамотена, но и загрижена за евриопската перспектива на Србија , како и за однсите на Србија со главните евтропски политички играчи- пред се, со Германија и Франција  -врз чиј план треба да се дојде до нормализација  на однссите со Приштина.

Надвор од Белград , сите другите остана без поголема елаборација на недипломатскиот настап на Вучиќ- како во Брисел , така и во регионот . Особено што сето тоа, на крајот заврши како и секогаш до сега- во балкански стил.

Во Приштина се тврди дека именувањето на Србин министер од друга српска партија е право на премиерот. Од Белград, пак, веќе не се тврди дека српскиот претесдател ќе го бојкотира Самитот во Тирана. Расположението се смени откако во посета беше еврокомесарот Оливер Вархеи, близок сојузник на Виктор Орбан, кој со Вучиќ имаат мошне блиски односи.

Ваквите случувања делуваат спротивно од оптимизмот на Мирослав Лајчак, што ја прави се повеќе реална можниста- договорот за Косово да се постигне некаде на неутрална територија, во стилот на оној за БиХ – на некаков косовски Дејтон- со наметнато решение.

(Спектатор)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе