Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Американски ултрадесничар осуден за заговор

Американски ултрадесничар осуден за заговор

Американскиот ултрадесничар Стјуарт Роудс, основач на крајно-десничарска група „Чувари на заклетвата“ е осуден од судот во САД за организирање заговор со кој требало да се поништи уверливата изборна победа на Џо Бајден на изборите во ноември 2о20 година.

Поротата во судот во Вашингтон го прогласи Роудс за виновен за ова, инаку,  многу ретко  кривично дело во американската судска пракса, после разгледување на докаазите понудени од обвинителството, на судењето што  траеше два месеци.

На судењето  судот успеа да го докаже дејствувањето на оваа екстремистичка, ултрадесничарска група која била вклучена во настојувањето на крајната десница во САД  да го задржи на власт (и покрај поразот), републиканскиот, популистички и десничарски кандидат Доналд Трамп кој четири години беше во Белата куќа.

Лажните тврдења на Трамп

Станува збор за обидот на Трамп и на неговиот најблизок круг советници да не ги почитува изборните резултати и волјата на Американците , погазувајќи го на тој начин и Уставот на САД и да не се дозволи Конгресот да ја верификува победата на демократот Бајден, лажно и без никаков доказ тврдејќи дека изборите „ се фалсификувани“ , дека тој е вистинскиот победник и дека изборниот процес (наводно) бил наместен , само за да биде поразен.

Ниту еден американски суд, како оние во сојузните држави, така и Врховниот суд на САД, не ги прифатија жалбите и тврдењата на поразениот републикански кандидат, не прифачајки дека постоела било каква изборна измама.

На две недели пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател и транзицијата на власта , Трамп се уште формално ако претседател, повика на демонстрации на Капитол, пред зградата на Конгресот на САД, за да „ се одбранела демократијата“, за да не се дозволи новоизбраниот претседател да ја преземе функцијата. Практично, покренувајќи ги ултрадесничарите, неонацистите  и милитантните расисти од сите страни на Америка, да го освојат Конгресот.

Обид за пуч

Во нападот на разулавената толпа која носеше и оружје загинаа пет лица. Напаѓачите во еден период од неколку часови, успеаја да ја освојат зградата на Конгресот, да навлезат во него и да уништуваат се пред себе, настојувајќи да дојдат до спикерот Ненси Пелоси и да ја казнат што на два пати издејствува импичмент против Трамп.

Америка и светската јавност беа шокирани од она што се случуваше на 6 јануари 2021 година, во и околу Конгресот- симболот на американската демократија.

Подоцна конгресната комисија која ги истражуваше тие настани, ги прогласи случувањата  за обид за пуч на се уште постоечката власт . Трамп, пак,  го обвини за потикнување  насилството и  за одбидот да се поништат изборите, за да  остане на власт.

Роудс не бил меѓу оние кои насилно навлегоа во конгресната зграда , но судот во Вашингтон го осуди дека предводел заговор што почнал набрзо по завршувањетона изборите, кога веќе беше јасно дека Трамп е поразен и ќе мора да замине од Белата куќа. Со заговорот требало да се покрене вооружен бунт за да се спречи преносот на власта од републиканецот Трамп, на демократот Бајден.

„Крвава граѓанска војна“

Во текот на судскиот процес ,користејќи десетици шифрирани пораки , снимки од разни извори, обвинителството го докажаа своето тврдење дека Роудс  веднаш по изборите почнал да го организира вооружениот бунт .

Поротата во текот на судењето можеше  да слушне како овој ултрадесничар ги повикува членовите на неговата органзација да се соберат во борба , за да одбрани Трамп, но и за изгледите од започнувањето на  „крвавата граѓанска војна“ . Обвинителите прикажале докази за тоа како им зборува дека „Чуварите на заклетвата“  ќе мора да тргнат во борба за да се порази Џо Бајден , доколку Доналд Трамп  не дејствува како што треба.

Покрај Роудс, судот осуди уште две други лица, од кои едното е водач на „Чуварите“ на Флорида, сојузна држава на САД која се претвора како база на Трамп и неговата десничарска  идеологија. Токму во деновите пред донесувањето на пресудата, поранешниот претседател се сретна со лидерот на една американска расистичка организација кој го негира и холокаустот.

Специјален обвинител

Се смета дека ваквата пресуда претставува важен момент за американското министерство за правда која ќе отвори пат за обвинителството да ги интензивира истражните работи за претстојните судења на другите десничарски екстремисти во планираниот бунт.

Одлуката на поротата за вината на Роудс се очекува да ги потикне работите во истражувањето и на други лица , поврзани со обидите на Трамп да се поништат изборните резултати на на претседателските избори, пред безмалку три години.

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд неодамна именува специјален обвинител  за да му биде советник кој ќе ги надгледува истражните работи за обидите да се поништат резултатите од тие избори .

Тој исто така, ќе биде вклучен и во посебната истрага која е во тек – за задржувањето на државните тајни и доверливи докумненти кои Трамп (незаконски) ги има однесено од Белата куќа на својата вила во Флорида.

(В.А.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе