Светот со осум милијарди жители
Обединетите нации објавија дека светот и населението на планетата Земја, денес, 15 ноември 2022 година, ја имаат достигнато бројката од осум милијарди луѓе.
Во девет часот утрината, според интернет страницата Worldometar која ги собира податоците од официјалните институции на секоја од земјите , светот ја достигнал и веќе ја надминал бројката од осум милијарди жители.
Во исто време, ОН соопштија дека светската популација и натаму продолжува да се зголемува, но дека темпото на растот сега е забавено.
До крајот на векот – над 10 милијарди
Новите прогнози за тоа растање, предвидуваат дека во 2030 година на планетата ќе живеат 8,5 милијарди луѓе. Бројката од 9,7 милијарди треба да биде достигната во 2050 година, на почетокот на 22 век, во 2100 година да има 10,4 милијарди луѓе.
Според ОН, во 2020 година, растот на глобалната поопулација се намалила под еден процент годишно, што е прв таков момент после далечната 1950 година. Затоа демографските експерти на Светската организација, предвидуваат дека бројот на населението ќе стигне до 10,4 милијарди уште во 2080 година, но дека во следните 2о години, до крајот на овој век и до почетокот на 2100-та година, нема да расте.
Сегашната висока бројка од осум милијарди е последица на подолгиот просечен живеотен век на луѓето, како и на намалената смртност, што може да се види и со зголеменниот број на живо родени бебиња.
Просечен животен век скоро 73 години
На светско ниво, просечниот животен век сега изнесува 72,8 години (податок од 2019 година) што е зголемување за цели девет години, споредено со состојбата од 1990 година. Се смета дека смртноста и натаму ќе се намалува , па просечниот животен век, на глобално ниво, во 2050 година ќе изнесува 77,2 годинин.
Во услови на намалување на смртноста на населението, неговиот раст ќе продолжи и понатаму, се додека плодноста ќе остане на високо ниво.
Податоците на ОН откриваат дека плодноста кај населението во светот, во 2021 година изнесувала 2,3 раѓања. Жените во просек, сега, раѓаат по две деца во текот на својот живот. Меѓутоа, за споредба, во 1950 година, жените на светско ниво , просечно имале по пет породувања. Тоа и придонесува за намаленото темпо на раст на популацијата.
Симболично, како осум милијардито бебе е определено едно новороденче, родено во Манила, на Филипините, еден час по полноќ на 15 ноември. Станува збор за женско бебе кое го добило името- Винис Мабансаг.