Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Елон Маск: Твитер може да банкротира

Елон Маск: Твитер може да банкротира

Новиот сопственик на Твитер, американскиот контроверзен милијардер Елон Маск им изјави на своите  вработени дека компанијата , во следната година, би можела да се соочи и со банкрот, затоа што не е сигурно каки ќе бидат нејзините финансиски можности во 2023 година.

Ваквата невообиќаена изјава за сопственик на компанија- дадена по преземањето и пред вработените- веднаш беше искоментирна на разни начини.

Како признание дека Маск финансиски  е прилично истрошен , како сопственик, или главен акционер  на Тесла (најголем производител на електрични автомобили) , на вселенска компанија „Спејс Икс“ која работи на тоа  да го освои и Марс, како и на една од највлијателните социјални мрежи . Но, и како изговор пред своите луѓе и пред  јавноста за масовните отпуштања од работа.

Особено што се  тврди дека се бркаат оние што тој ги смета за нелојални- како противници на неговото превземање на Твитер.

Близок со Трамп

Некои во ова гледаат влијание и на она што се случува на американската политичка сцена, на која „трампизмот“ се турка за да стане доминантна опција на Републиканската партија, а Доналд Трамп, да влезе во трката за номинација за прертседателските избори во 2024 година.

Елон Маск е мошне близок со Трамп уште од времето кога овој беше во Белата куќа, а непосредно пред  годинешниве Мидтерм избори ги повика Американците да гласаат за републиканците, каде како кандидати за конгресмени и сенатори , во мнозинство беа оние кои се сојузници , или подржувачи на екс претседателот.

Трамп од своја страна, прв се огласи дека преземањето на Твитер од страна на Маск значи ослободување на оваа социјална мрежа , од која, инаку, Трамп беше „протеран“ .

Затоа што ја користеше за свои политички потреби , за политички пресметки со своите неистомисленици, како и за пласирање дезинформации и невистини. Посебно кога стана јасно дека ги има загубено претседателските избори пред две години.

Масовни отпуштања од работа

Само триесетина часови подоцна, Маск даваше други изјави во врска со банкротот. Не беше категоричен дека тоа не може да се случи, но има зборувано дека идната година иако неизвесна , тој и компанијата ќе може да ја издржат и дека работите и не мора да се така црни.

За ваквите коментари на газдта на Твитер кој за пресемањето на компанијата плати дури 44 милијарди долари, никој не зборува и не сака да зборува.

Но, факт е дека тој досега има отпуштено околу четири илјади вработени,што е половина од бројот на досегашниот персонал,  а се заканува со повеќе отпуштања , со кои би биле опфатени и  оние кои ќе инсистираат да работат од дома- за што Маск се противи.

Во своите обраќања до вработените, новиот газда постојано предупредува дека Твитер мора значително да го зголеми бројот на своите претплатници и дека само на тој начин, преку зголемувањето на приходите, компанијата ќе може да бележи успех.

Компанијата е во долгови

Како и да е , ситуацијата во компанијата не е розова. Маск недоамна има продадено акции на Тесла, за да го спасува Твитер и притоа има загубено на берзата , затоа што во меѓувреме паднала вредноста на  акциите на атомобилската компанија.

Особено што социјалната мрежа се најде во проблеми по превземањето на Маск, откако големите и значајни клиенти го запреа своето присуство на Твитер , загрижени околу тоа  како оваа мрежа ќе оперира, по најавата дека таа ќе стане најотворена и „најдемократска“ . Компанијата, меѓутоа,  објави дека сега ќе наплатува за користењето за услуги кои досега беа бесплатни,  потег што предизвика загриженост бидејќи ја отвора можноста за лажни профили и сметки.

Некои угледни американски маркетиншки фирми веѓе реагираат дека Маск „ не се снаоѓа како извршен директор на Твитер и дека овој бизнис не еднаков како  другите два “, па му сугерираат да најде нов директор кој знае како овој бизнис функционира.

Конечно, Твитер има големи долгови , а се соочува со заминување на водечките директори и кадри кои сметаат дека компанијата оди во сосема погрешна насока.

„Авион кој лета без пилот“

Некои експерти на пазарот и медиуми, ситуацијата во компанијата ја  објаснуваат како -авион во кој  среде летот е утврденоо деа нема пилот. Од друга страна, Маск ги отфрла критиките  и уверува дека бројот на корисниците, сега,  е поголем од било кога.

Јавноста во САД, пак, е поделена околу самиот Елон Маск -за едни тој е гениј, супер херој, а за други само  откашен милијардер.

Израснат е во Јужна Африка, во просечно семејство, не истекнувајќи се  во детството со својата способност за комуникација со луќето. Сега  важи за  најбогат во Америка и во светот. Но, мнозинството од јавноста на него гледа како на „незрел милијардер“, максимално самоуверен дека ќе го постигне сето она што го има наумено.

Последното е дека се смета себе си за „заштитник на слободата на говорот“ отворајќи го Твитер, неконтролирано, за се и за сите. Големо мнозинство од јавноста не верува во тоа и смета дека дури и како замисла, станува збор за нешто опасно. За Твитер , најмногу, откако Елон Маск го има презеено, префрлајќи врз себе голема моќ за манипулирање и за злоупотреба.

(В.А.)

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе