Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Џо Бајден: Нафтените компании се воени профитери

Џо Бајден: Нафтените компании се воени профитери

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика компаниите за нафта и за гас да ја искористат својата (сегашна) рекордна заработувачка – не само за правење екстра профити, туку и за намалување на трошоците на кои се изложени Американците- на тој начин што ќе го зголемат производство и ќе ја намалат цената.

Бајден притоа им се заканува дека американската администрација, ако треба,  ќе воведе посебен данок за екстра профитите.

Изјавата на американскиот претседател доаѓа на една недела пред т.н.  Мидтерм избори на САД, што се организираат на средината на мандатот на шефот на државата и на актуелната администрација , за пополнување на места во Конгресот и во Сенатот.

Супер екстра профити

Претседателот ги критикува големите компании кои сега остваруваат големи, екстра профити , додека во исто време американското население се соочува со инфлацијата и со плаќање повеќе пари за гориво и воопшто за енергетските потреби.

„Нафтената индустрија не ја има исполнето обврската да вложува во Америка и да ги подржува Американците во овие времиња“- има речено Бајден , посочувајќи дека овие компании „не само што немаат направено „чесен поврат“ ( од добивката)  , туку и толку многу заработуваат, што е тешко да се поверува. А, нивните огромни профити  се само последица на војна.

Притоа, тој не  споменал за која војна станува збор, но е очигледно дека мисли на војната во Источна Европа, во Украина, што ја предизвика Русија со својата инвазија , започната пред 250 денови.

Предупредување до „нафташите“

„Мислам дека станува збор за нешто нечуено досега, особено што доколку својата (екстра) заработувачка би ја префрлиле на потрошувачите, цената на бензинот би се намалила за 50 центи„- рекол Бајден во своето обраќање во Белата куќа.

Во исто време, тој ги предупредил енергетските компании дека доколку не го направат тоа што од нив се очекува, ќе мора да плаќаат повисок данок за екстра профитотот што го остваруваат, а  ќе се соочат и со разни други ограничувања.

„Време е  нафтените компании да престанат со сегашното  воено профитерство“- изјавил претседателот Џо Бајден, најавувајќи дека Белата куќа ќе работи, заедно со Конгресот на САД  на разгледување на сите други опции за зауздување на компаниите и за намалување на инфлаторните трошоци на кои се изложени Американците.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе