Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Патнички воз низ Алпите од 100 вагони

Патнички воз низ Алпите од 100 вагони

Швајцарската железница изведе спектакуларно  патување на  патнички воз , составен од 100 вагони , што претставува незбележан досега светски рекорд, минувајќи низ реонот на Алпите во Швајцарија.

Композицијата беше долга 1,9 км. и се движеше  преку една од најспектакуларните железнички линии во Европа и во светот, минувајќи низ реонот Албула/Бернина.

Овој дел од пругата е даден во употреба уште во 1904 година и е внесен во пописот на УНЕСКО како едно од вредиите културни наследства на европскиот континент. На трасата на линијата се изградени 22 тунели од кои некои спирално минуваат низ планините , а има и 48 мостови , вклучувајќи го и сега веќе прославениот вијадукт Ландвасер.

Целото ова рекордно патување на железничката композиција со 100 патнички вагони, влечена од десетина еднакво распоредени локомотиви , траело над еден час, иако должината на патот што бил поминат изнесувала само 25 километри.

Директорот на железничката компанија Ренато Фаскиати изјави подоцна дека целата оваа идеја да се организира едно вакво патување , во кое железничка композиција од безмалку две илјади метри се пробива полека низ кривулестата пруга, била одавање респект и благодарност на градителите на овој извонреден градителски потфат – да се пробие и да се изгради пруга  низ наизглед непробојните Алпи.

Но,  исто така, да им се одаде признание и на сите други швајцарски инжинериски, инфраструктурни достигнувања во далечното минато, создадени низ оваа алпска држава. Во исто време, со рекордниот патнички воз  се одбележи 175 годишнината на швајцарските железница.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе