Невин во затвор минал 38 години
Американецот Морис Хејстингс минал во затвор 38 години за убиство што не го извршил. Од пред некој ден ослободен е од сите обвинувања , а првичната казна му е укината и избришана, после извршената детална ДНК анализа , која покажа дека човекот е невин.
Хејстингс кој сега има 69 години, бил уапсен , а потоа и осуден за тоа дека во 1983 година ја убил Роберта Вардермајер, како и дека има извршено уште два други обиди за убиство. Полицијата го открила мртвото тело на убиената, пред тоа и силувана, во багажникот на неговиот автомобил.
Грозна неправда
При ослободувањето на несреќниот човек, обласниот обвинител за Лос Анџелес, Џорџ Гаскоњ рекол дека пресудата што поротата и судот ја имаат донесена во 1985 година, е укината и Хејстингс веќе е на слобода.
„Тоа што му се има случено на Хејстингс е една грозна неправда. Правосудниот систем не е совршен, па кога ќе откриеме и ќе разбереме нови докази за вакви ситуации , поради кои луѓето ја губат вербата во донесените пресуди, наша должност е брзо да дејствуваме“- рекол обвинителот Гаскоњ.
Осудениот, инаку, на судењето и во текот на сите изминати години додека бил затворен , постојано тврдел дека е невин и дека никого нема убиено.
Вистинскиот убиец е починат
На првата средба медиумите , како слободен човек, рекол дека никому и за ништо не му замера, како и дека никого не обвинува и никому нема да му суди за неправдата. „Не сум огорчен. Сега сакам само да уживам во животот“- им изјавил Хејстингс на новинарите.
Во 2020 година тој одново барал ДНК анализа, но неговото барање тогаш било одбиено.
Во јуни годинава, меѓутоа, било откриено дека ДНК доказите со кои располагале полицијата и обвинителството, најдени во 1983 година, при истрагата за убиството, се идентични со оние на маж кој починал во затвор, во 2020 година, како затвореник за друг криминален случај- за киднапирање и убиство.