Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

„ТВ серијата „Круна“ е преполна со измислици“

„ТВ серијата „Круна“ е преполна со измислици“

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор остро ја критикуваше телевизиската серија „Круна“ во продукција на „Нетфликс“ , тврдејќи дека таа е „преполна со измислени и бесмислени работи“.

Неговата изјава доаѓа пред почетокот на емитувањето на новата, пета по ред сезона, што е најавена за 9 ноември. Претходно, со остри коментари се имаат огласено и биографите на британското кралско семејство и новинските коментатори во Лондон кои и замераат на оваа продукциска куќа што серијата ја продолжува само две месеци по смрта на кралицата Елизабета.

Но најмногу замерки и приговори има за тоа што новите епизоди од серијата содржат бројни невистини и историски неточности и дека тие директно се насочени за да му наштетат на угледот на поранешниот принц Чарлс кој сега е крал на Британија.

Принцот од Велс прави заговор !?

Според британските медиуми, петата сезона од „Краун“ зборува за тоа дека синот на кралицата, во тоа време принц од Велс, правел заговори околу тоа како да ја тргне својата мајка од престолот за да тој се прогласи за крал.

Претпоставка е дека во серијата треба да има и делови како „бунтовниот“ Чарлс врши притисок на тогашниот британски премиер Мејџор да ја убеди кралицата за да абдицира во полза на синот- престолонаследник.

Мејџор беше премиер на Британија седум години- од 1980 година кога конзервативците со партиски пуч ја тргнаа од дункцијата Маргарет Тачер и 1997 година, кога беше уверливо поразен од лабуристот Тони Блер, по 18 години ториевско управување со Обединетото кралство.

Меѓу 1980 и 1982 година, Мејџор само го доврши мандатот на Тачер кој беше прекинат со партискиот пуч. Потоа има отслужено еден свој петгодишен мандат.

Немало разговор за абдикација

Неговата канцеларија ,  по веста за почетокот на петата сезона, веднаш реагираше со соопштение во кое се вели дека приказните за некаков судир на синот со кралицата, неговата мајка, за да ја натера да абдицира е „комплетна измислица“.

Во соопштението се вели дека Мејџор и (тогашниот) принц од Велс „никогаш не разговарале за абдикација на кралицата“. Освен тоа се вели дека „Мејџор на никаков начин нема учествувано во правењето на серијата, ниту соработувано на сценариото“

„Никој од „Нетфликс“ се нема јавено и побарано да се проверат вистинските и историските факти од тоа време, ставени во сценариото за тв серијата“- стои во соопштението на службена канцеларија на оранешниот британски премиер.

„Фикција врз  историски настани“

Коментарот на Мејџор е дека доколку навистина сценариото е такво како што го најавуваат медиумите, „тогаш исклучиво  станува збор за штетна и злонамерна измислица. Тоа ќе бидат измислени работи  создадени само за создавање драма која ниту ја имало, а ниту се случувала“ .

На ваквата остра реакција од Лондон и од екс премиерот се огласи „Нетфликс“ со изјава на продуцентите. Во изјавата се повторува она што и порано беше речено-  дека серијата „Краун„ не е документарна. Во праѓање е  само „фикција која се заснива врз историски настани“.

Проблемот и за двете страни е што добар дел од публиката целата тв серија ја гледа како „вистинска приказна“ и верува во она што се прикажува.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе