Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Повторување на 1948 година“

„Повторување на 1948 година“

Лидерот на српската партија СПО и писател Вук Драшковиќ, поранешен министер за надворешни работи, изјави дека Србија се соочува со една своја 1948 година, исто како и поранешна Југославија , кога Тито му го рече – „историското Не“ – на  тогашниот лидер на КП на СССР Јосиф Сталин.

Според Драшковиќ и последиците  за Србија и за луѓето во неа, за неприфаќање на ( сегашниот)  руски диктат,  ќе бидат исти како што беа за тогашната федерална држава . пред 74 години.

Раскин со Сталин и сталинизмот

Колку за потсетување – Југославија, Тито и тогашното државно и партиско раководство на земјата, им се спротивставија на  семоќниот комунистички диктатор Сталин, на Советскиот Сојуз и на „братските“ комунистички режими во источна Европа. Тито во 1948 година, го одби диктатот на Москва и барањето  Југославија да стане дел од источниот,  советски воен, политички и економски блок , а  земјата да се уредува според советскиот модел.

Наместо копирање на советскиот систем – идеолошки и економски- Тито и Југославија , наместо кон Истокот се свртеа кон Западот, а внатре во земјата започна процес на постепена, но сигурна десоветизација – во внатрешната политика , со менување на системот на управувањето , како и со десталинизација во целото општество, но и со покренување нов курс во надворешната политика.

Тој радикален пресврт на тогашна титова Југославија, сепак, не одше без проблеми. На надвотрешен план, Сталин , СССР и другите воведоа економска, политичка и воена блокада на Југославија, а земјата беше на работ од советска воена интервенција и соборување на „режимот“ на Тито.

Контра „двете столчиња“

На внатрешен план, пак, русофилските сили во политиката, во армијата и во културниот живот, се спротивставија на раскинувањето на „дружбата“ со Сталин. Беа потребни неколку години, за да политичката криза во државата и заканата од воен напад врз Југославија бидат надминати . Тие состојби  завршија со смрта на Сталин ( 1953 година) , со осудата на неговиот култ на личноста, во самиот СССР и со нормализацијата на односите со Москва.

Драшковиќ  на ова време потсетува во интервју за белградски медиум, зборувајќи за денешна Република Србија, за нејзините силни врски со путинова Русија и за политиката на седење на „две столчиња“ – зборувајќи дека Белград сака во ЕУ, а всушност, одржувајќи специјални врски и стратешко партнерство со Путин и Русија.

Таквата политика од почетокот е критикувана од ЕУ и од Западот, затоа што Србија упорно одбива да воведе санкции на Москва поради инвазијата врз Украина и на тој начин, иако е земја кандидат за влез во ЕУ, одбива да ја прифати општата, заедничка политика на Брисел кон Русија и кон рускиот претседател. Таквата политика ја осудува и порано, а и сега и лидерот на СПО, но тој верува дека  денешен Белград е се поблиску до титовото „Не“ од 1948 година.

Нема ризик за Белград

Ризикот на сегашната српска власт , доколку се определи свртување во политичката определба, наместо кон Истокот, кон Западот на Европа, е многу помал , од оној пред 74 години на Тито. Во 1948 година, Југославија од сите страни беше опкружена со  сталинистички држави, за разлика од сега кога Србија не се наоѓа во една таква ситуација, на непријателско опкружување- смета Вук Драшковиќ.

Од тоа време, на пример, е заканувачката, аригатна изјава на Сталин за тоа дека е довилно „ да мрдне со малиот прст, па Тито и Југославија повеќе да ги нема“. Но, во интервјуто , овој српски политичар верува дека ако српското раководство е реши на еден таков, драстичен чекор за сврување во надворешната политика, нема да има ризици за Србија. Тој  не очекува и да се создаде некаква подлабока и посериозна политичка криза во српската јавност.

„Овие кои сега мафтаат и се движат под развиорени црковни знамиња , брзо ќе се издуваат. Па, овој народ овде во Србија, не е без паметење и без памет. Само треба луѓето малку да се потсетат на вистинските состојби“- има речено Драшковиќ.

Чекајќи одново „Не“ на Русија

Според него, основната работа е да се отворат, а потоа и да се свртат медиумите .

Луѓето треба да да се информираат и да знаат за вистината , за она што се случува во Украина. Потребно е смета Драшковиќ , луѓето да знаат за злосторствата на путиновата војска и за злосторствата на режинот на Путин кон Русите во Русија , како и за злосторствата што се правени овде, на Балканот во деведесетите години на 20 век.

Тој е уверен дека во Белград и во Србија нема да има никаков „27 март 1941 година“ – кога демократските и левичарските сили на тогашна Југославија, се спротивставија на протести против пристапувањето на земјата во Тројниот пакт, како сојузник на Хитлер. Масовните протести предивикаа пад на кралската влада и бегство на тогашниот југословенски крал.

Во денешно време, како што смета Драшковиќ – нема кој да го казнува актуелниот српски претседател за евентуалниот историски пресврт на Србија и за конечното српско „Не“ на Русија и на Владимир Путин.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе