Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Овсјаникова побегна од домашен притвор

Овсјаникова побегна од домашен притвор

Марина Овсјаникова (44) руска новинарка, вработена на државната телевизија „Русија 1“, која пред седум месеци, среде емитувањето на ТВ дневникот, протестираше против војната во Украина, побегна од домашниот притвор, во кој беше ставена од летоска.

Претходно, таа по трет пат беше обвинета и судена за (наводно) ширење лажни вести, поврзани со инвазијата врз Украина и за војната која се води на територијата на оваа соседна држава на Русија.

„Мислам дека сум целосно невина, а бидејќи нашата држава одбива да ги почитува законите што ги има донесено, јас одбивам да ја почитувам забраната, што ми е изречена на 30 септември – за ставање во домашен притвор – па затоа самата се ослободувам од оваа судска мерка“ – има напишано Овсјаникова на Фејсбук.

Распишана полициска потерница

Нејзиниот адвокат изјавил дека таа требало да се појави во средата (5 октомври) на ново сослушување во судот, но неа ја немало. Адвокатот изјавил дека не знае каде се наоѓа неговата клиентка.

Во август, Овсјаникова беше одново казнета – со задржување во домашен притвор до конечната казна – затоа што во јули протестираше пред ѕидините на Кремљ, носејќи плакат на кој Владимир Путин беше означен како убиец, а руската војска како фашистичка, проследено со порака дека „убиените украински деца ќе им судат за злосторствата“.

За овој престап, меѓутоа, на борбената Марина и се заканува многу поголема и построга казна од двете претходни – најмалку десет години затвор.

Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државната и силно провоена телевизија Раша Тудеј, во саботата објави дека Овсјаникова побегнала во непознат правец, заедно со својата 11 годишна ќерка. Не е познато како, воопшто, можела да побегне, но од понеделникот руската полиција има распишано потерница по неа.

Два дена потоа, таа самата се јави на социјалната мрежа, откривајќи дека е во бегство, одново остро критикувајќи го рускиот закон според кој е осудена затоа што – како што има напишано – ја зборува вистината.

Јавен протест на тв „Русија 1“

Станува збор за новиот руски закон, построг од поранешниот, според кој се предвидува остра затворска казна за „ширење лажни вести“, а всушност се мисли на информациите за војната и агресијата врз Украина, доколку тоа е различно од она што го пишува и зборува официјалната пропаганда.

Марина Овсјаникова стана позната низ Русија и во светот, кога во март годинава, набргу по извршената инвазија, кога во текот на емитувањето во живо, на централната државна телевизија „Русија 1“ се појави зад спикерката, држејќи во раце плакат на кој обраќајќи им се на гледачите пишуваше – “Ве Лажат“ и “Немојте да биде Зомби“.

Беше истерана од работа, а потоа уапсена и осудена. По издржувањето на казната, таа продолжи да протестира против војната, сега во услови на многу построга казнена политика, кога се казнува и за користењето на зборот „војна“ – наместо “специјална воена операција“.

(М.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе