Кафето е корисно за здравo срце
Сите оние кои пијат кафе, но и оние кои тоа не го прават- убедени дека кафето е штетно за здравјето, треба да бидат задоволни по најновите британски истражувања, затоа што е утврдено дека кафето, всушност, помага за продолжување на животот.
Според направената темелна анализа на половина милион медицински записи, утврдено е дека луѓето кои пијат две, до три шолјички кафе на ден, живеат подолго и се соочени со помал ризик да заболат од некоја од кардио-васкуларните болести.
Истражувачите откриле дека меленото и инстант кафето, како и кафето без кофеин, се поврзани со намаленото заболување и смртноста од кардио-васкуларна болест.
Утврдено е дека кафето освен кофеин содржи и над 100 биолошки активни суспстанци. Веројатно, супстанците кои не содржат кофеин се одговорни за позитивниот однос што е воочен меѓу пиењето кафе, кардио болестите болести и преживувањето.
Меленото и инстант кафето се поврзуваат со помалата веројатност да се развие аритмија , или абнормален ритам на срцето- тврдат британските истражувачи.
Но, истражувачите укажуваат дека нивните сознанија не би требало да се земаат генерално- за сите луѓе- затоа што записите од базата на податоци , главно, биле земени само од луѓе-пациенти припадници на белата раса, па не се знае дали нивните заклучоци може да важат и за луѓето од другите раси.
Сепак, заклучоците од анализите објавени во медицинското списание „СајенсАлерт“ (ScienceAlert) водат кон еден заклучок- а тој е дека умереното пиење кафе позитивно влијае врз срцето и неговата работа.