Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Том Хенкс : Снимив само четири добри филмови

Том Хенкс : Снимив само четири добри филмови

Холивудската филмска ѕвезда Том Хенкс изјави дека во својата досегашна кариера има снимено само четири филмови за кои смета дека се навистина добри. Во  интервју за американското списание  „Пипл“ тој, сепак, не открива за кои филмови станува збор.

Хенкс кој сега има 66 години има снимено дури 99 филмски остварувања на крајно различни теми- од драми и комедии, до авантуристички и криминалистички остварувања. За својата работа во Холивуд е награден со два Оскара. Првиот, во 1993 година  за филмот „Филаделфија“ во кој го толкува ликот на еден геј адвокат во голема адвоктска фирма, а вториот во 1994, за филмот „Форест Гамп“.

Меѓу бројните филмови во кои настапувал, критичарите ги споменуваат и „Аполо 13“ и „Спасувањето на војнкот Рајан“. Во оваа година се појави и неговиот најнов филм „Елвис“ – биграфско остварување за легендарната американска пејачка ѕвезда Елвис Пристли. Во ова филмско остварување Хенкс го игра ликот на менаџерот на пејачот, полковникот Том Паркер.

Изјавата дека само шетири од сите негови филмови се „навистина многу добри“ предизвика внимание во американската, а посебно во филмската јавност, особено што тој самиот не сака да каже за кои филмови станува збор.

Интервјуто е направено по повод најавата за излегувањето на неговиот прв роман, што треба да се појави пред читателите во мај следната година. Во него станува збор за тема поврзана за Холивуд и за снимањето филмови.

„Се одлучив за една ваква тема откако сватив дека никој не знае како воопшто се прави еден филм, а сите мислат дека знаат“- има речено Хенкс за „Пипл“.

Во 2017 година актерот Том Хенкс објави книга со раскази која беше многу добро примена од читателите.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе