„И јас сум странски агент“
Пзнатата руска и советска поп ѕвезда Ала Пугачова, во јавна изјава, остро ја осуди агресијата на руската војска врз соседна Украина и побара да биде ставена на списокот на „странските агенти“, што го прави министерството за внатрешни работи на Русија, откако на таквата „црна листа“ се најде и нејзиниот сопруг Максим Галкин.
„Солидарна сум сум со мојот сопруг, чесен, пристоен и искрен човек – еден вистински руски патриот – кој на својата земја и посакува благосостојба, но и мирен живот, слобода на говорот и крај на ситуцијата во која нашите момчиња гинат за илузорни цели, поради кои нашата земја стана отфрлена од сите, што им го закомпликува животот на сите руски граѓани„ – им напишано на својата интернет страница Пугачова.
Ѕвезда од советско време
Ала Пугачова и покрај своите 73 години останува вистинска ѕвезда на поп музиката и забавата уште од времето на Советскиот Сојуз и седумдесетите години на 2о век. Таа и во денешно време, во посткомунистичка Русија важи за мега ѕвезда и останува популарна и респектабилна пејачка.
Пугачова ги има обликувано рок и поп музиката во Русија и во времето кога советските власти на ја дозволуваа ваквата „западна декадентна музика“, се додека тогашната пропаганда не откри дека таа може да биде пандан на она што доаѓа од Западот, давајќи им на своте песни и настапи советски и руски печат. На тој начин, Ала беше нудена и во сите други земји на тогашниот комунистички Исток од Европа, што беше под целосна советска контрола – во политиката и економијата, но и во популарната музика.
Нејзината слава и престиж во земјата го има лесно преживеано падот на комунизмот и на СССР, па и во денешно време таа е мошне често на руската телевизија како пејач, но и како соговорник за разни теми за кои се дебатира.
Преселба во Израел
И порано и сега во дел од јавноста таа се има прикажувано како „контроверзна личност“. Во руските таблоиди Пугачова е често присутна откако е во брак со 27 години помладиот Максим Галкин, исто така популарна ТВ личност, комичар и забавувач, како и телевизиски водител.
До инвазијата на Русија врз Украина, брачната двојка живееше во Москва, но веднаш потоа, од почетокот на март, тие се населени во Израел. Од таму Галкин кој од почетокот е против агресијата и војната што се рашири, постојано ја напаѓа и ја критикува одлуката на Кремљ за напад врз украинската територија и вкупната руска внатрешна и надворешна политика на претседателот Владимир Путин, поради што се најде на списокот на „непријателите“ на власта.
Неговата сопруга, меѓутоа, не се мешаше во политиката и беше воздржана од давањето политички изјави. Таа последен пат беше видена во руската јавност, за смрта на Михаил Горбачов, пристуствувајќи на неговиот погреб.
Освен тоа, Пугачова не само што не беше противник и критичар на Путин, туку со него се има повеќепати среќавано. Затоа руски аналитичари оценуваат дека нејзината изјава во која бара и крај на војната и повеќе демократија и слобода на говорот, има голема тежина во денешното руско општество.
„Шлаканица за Кремљ“
Поранешниот пишувач на говорите на Путин, сега аналитичар, Абас Гаљамов има речено дека потегот на Пугачова е „силна шлаканица“ за Кремљ.
Според него, Ала од секогаш се држела подалеку од политиката, затоа неочекуваното политизирање на познатата и популарна пејачка може во општеството да предизвика чувство кое властите го сметаа за закана, која и онака се повеќе се зголемува.
„Ако и понатаму има важни луѓе во Русија за прашањата за кои постои консензус, Ала Пугачова е една од тие луѓе“ – има напишано на својата социјална мрежа Гаљамов. Нејзината остра порака дека и таа сака да биде третирана како „опасен странски агент“, затоа што е против војната и затоа што бара повеќе слобода во земјата, се очекува да добие силен одглас во Русија.
Особено што доаѓа во време кога руската армија се најде во теснец на украинскиот фронт и кога Кремљ стравува дека прогласувањето општа мобилизација би можела да предизвика гневен бунт на населението.