Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ирачка актерка го тужи „Економист“ – за навреда

DonSpencer1, The Economist Collection, CC BY-SA 4.0

Ирачка актерка го тужи „Економист“ – за навреда

Ирачката актерка Енас Талеб соопшти дека го тужи респектабилниот британски политичко – економски неделник „Економист“ – за навреда. Талеб (42) е налутена на весникот затоа што во текстот за тоа – зошто арапските жени се подебели од мажите – се нашла и една нејзина фотографија.

Актерката смета дека ставањето на нејзината слика е надвор од контекстот на текстот – па дека затоа ја има повредено нејзината приватност, но е гневна и затоа што, како што тврди, врз нејзината фотографија бил правен фотошоп, па е прикажана како подебела.

Според британски Би – Би – Си, Талеб е популарна актерка во Ирак и во арапскиот свет, која освен тоа е водителка и на една популарна, забавна, ток – емисија на ирачката телевизија.

Дебелината кај арапските жени

Текстот во неделникот за дебелината на жените и мажите во арапскиот свет, е објавен на крајот од минатиот месец, а спорната фотографија на актерката е направена пред девет месеци, на меѓународниот филмски фестивал во Вавилон, во Ирак.

Во својот познат аналитички приод при правење на текстовите, весникот објаснува дека сиромаштијата и општествените ограничувања, ги тераат жените во арапскиот свет, да седат дома, како домаќинки, што се смета дека е една од причините – зошто се тие подебели од мажите.

Но, и затоа што покрупните жени, како и оние со позаоблено тело се популарни кај арапските мажи.

Во написот се наведува дека гледачите во Ирак често ја истакнуваат Талеб – актерка и тв ѕвезда – како убавица, а притоа, како силен аргумент за нејзината убавина го истакнуваат токму нејзиното заоблено тело и нејзиниот целосен изглед.

„Навредливо и сексистички“

Но, актерката смета дека текстот, во целина, е навредлив и за сите арапски жени, како и за жените воопшто, приговарајќи му на „Економист“ што се занимава и ја анализира дебелината на Арапките, а не на пример и на жените во Европа и во Америка.

Во интервју за саудискиот тв канал „Ал Арабија“ Талеб дека по појавувањето на текстот во британскиот весник, таа е изложена на потсмев и на навреди на социјалните мрежи. Конечно, таа има речено дека ужива во своето тело, дека се чувствува здраво и дека е среќна поради својот изглед.

Уште му се заканува на неделникот што се определил да прави ваков текст и во него да зборува и за неа.

„Тие („Економист“) очигледно не знаеле дека јас сум јавна личност, дека затоа можам сето ова да го претворам во нешто добро за мене“ – има речено за „Ал Арабија“ ирачката актерка Енас Талеб.

Редакцијата, засега, се нема јавено со коментар, но на некои социјални мрежи весникот е критикуван за ваквиот текст, обвинувајќи дека е „навредлив и сексистички“, па дури и дека е „расистички“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе