Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Камерон Дијаз му се враќа на филмот

Jean_Nelson/Depositphotos.com

Камерон Дијаз му се враќа на филмот

Американската актерка Камерон Дијаз (49) ја прекинува својата пензија, во која доброволно замина и одлучи да им се врати на филмот иа актерството, за да учествува во новиот филмски проект на актерот Џејми Фокс.

Дијаз која во еден период беше најдобро платената актерка во Холивуд (20 милиони долари за еден филм), замина во пензија во 2014 година, од кога нема снимено ниту еден филм. Според списанието НМЕ, таа на социјалните мрежи објавила дека ќе настапи во комедијата “Back in Action” во продукција на Нетфликс.

Медиумите јавуваат дека Дијаз се одлучила да го напушти пензионерскиот живот, по силното наговарање да почне одново да глуми од страна на Џејми Фокс.

Тој порано има настапувано со Дијаз во два филма, а сега на интернет ги има објавено телефонските разговори што ги имал со актерката и со ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди.

Овој популарен спортист во најпопуларниот американски спорт – прво објави дека се повлекува од професионалниот спорт, но само после 40 денови, се предомисли и се врати на теренот, за да игра за екипата од НФЛ – Тампа Беј Баканирс.

Според снимката од телефонскиот разговор, Брејди успеал да ја убедил Дијаз – да се врати од пензијата во активната актерска професија – онака како што тој тоа го има направено во спортот.

Засега е позната само реакцијата на актерката, објавена на Твитер, во која таа вели – „Искрено, тоа е она што ми требаше“.

Камерон Дијаз кариерата ја започна во 1994 година, во филмот „Маска“, покрај Џим Кери. Има настапувано и во популарниот филм „Чарлиевите ангели“, како и во низа други филмски проекти, како што се – „Да се биде Џон Малкович”„Ванила Скај“ и „Бандите од Њујорк“. Дијаз има номинации за наградата „Златен Глобус“ и за британската „Бафта“.

Неочекувано замина во пензија, откако стана мајка, изјавувајќи дека „најпосле го има најдено својот мир“. Но, ниту тогаш ја нема отфрлено можноста – да му се врати на филмот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе