Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Евросонг се сели во Британија?

karnizz/Depositphotos.com

Евросонг се сели во Британија?

Европската унија на бродкастери (ЕБУ) која е организатор на фестивалот Евросонг, соопшти дека по направената обемна анализа и по темелното истражување, заклучи дека Украина не може да биде домаќин на натпреварот за најдобра песна на Евровизија, во следната 2023 година.

Украинскиот „Калуш Оркестар“ минатиот месец, уверливо победи на Евросонгот во Торино, па според традицијата, нивната земја би требало да го организира ова натпреварување во следната година – како земја победник.

Меѓутоа, Украина е веќе четири месеци изложена на брутална агресија од страна на Русија, па ЕБУ смета дека каква и да биде ситуацијата во земјата, во следните 11 месеци, невозможно е Украинците да организираат музичко натпреварување како што е Евросонг.

Украинците незадоволни

Според ЕБУ, украинскиот јавен радио и телевизиски сервис не може да даде – ниту безбедносни, а ниту оперативни гаранции – за одржување на ова музичко натпреварување. Од оваа Унија на аудио – визуелни емитери соопштуваат дека затоа веќе се разговара со британското Би – Би – Си, тие и Британија да ја преземат организацијата од Украина.

Се уште нема донесено конечно решение, затоа што се чека на одлуката на Британците кои, инаку, досега најмногу од сите, биле организатори на евровизиската песна – дури девет пати.

Предлогот до Британија е упатен затоа што британската песна се пласира втора на натпреварот во Торино. Според веќе воспоставениот ред – во случај првопласираната земја да откаже, или да не може да го организира натпреварувањето, организацијата на Евросонг, прво, и се нуди на правата земја по победничката.

Украинците со жалење ја примија ваквата одлука на ЕБУ и од Киев е стигнато барање за преразгледување на решението. Од таму се вели дека земјата и покрај ситуацијата во која се наоѓа, може да се зафати со една ваква задача, која инаку е тешка – технички, организационо и финансиски – дури и за земји кои не се наоѓаат во војна.

Понуди од четири градови

Во меѓувреме, со поддршка за Украинците се огласи британскиот премиер Борис Џонсон, кој откако во петокот беше (по втор пат) во Киев, изјави во Лондон дека ЕБУ треба да ја смени одлуката и дека Киев може да биде организатор на Евросонг.

Последен пат Британија била домаќин во 1998 година, во Бирмингем. Британците на четири пати биле вонредни домаќини – за другите земји – по еднаш за Холандија во 1960, за Франција во 1963, за Монако во 1972 и за Луксембург во 1974 година.

Израел е последната држава, која во 1980 година се откажа од организацијата на Евросонг, по победата во претходната година. Четири британски градови – Глазгов, Манчестер, Лидс и Ливерпул веќе објавија дека се заинтересирани да го заменат Киев.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе