Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Мистериозен хепатитис меѓу деца во Европа

joasouza/Depositphotos.com

Мистериозен хепатитис меѓу деца во Европа

Европските здравствени власти ги предупредија сите земји во ЕУ и во Европа, да бидат во состојба на тревога, поради откривањето низа случаи на хепатитис кај деца од непознато потекло.

Тревогата тргна од Британија, каде минатата недела беа потврдени 74 такви случаи кои се регистрирани од крајот на јануари оваа година, но се покажа дека болеста е раширена и низ неколку други европски земји, откако од сите тие беше јавено дека за „мистериозни случаи на тешки заболувања на црниот дроб кај децата“.

Болеста предизвикува воспалување на црниот дроб, а здравствените експерти кои се уште се борат со коронавирусот, настојуваат да определат што ја предизвикуваа оваа болест. Засега само се знае дека како причина за заболувањата не може да се наведат вообичаените вируси што го напаѓаат црниот дроб.

Непознато потеклото на болеста

Светската здравствена организација (СЗО) и Здравствената агенција на ЕУ ги предупредија властите во сите земји, да бидат внимателни и брзо да јавуваат за секој случај, за кој не се знае потеклото на болеста. Агенцијата на ЕУ во меѓувреме потврдила дека случаи со хепатитис кај деца, од непознато потекло, веќе се регистрирани и во Данска, Холандија, Ирска и во Шпанија.

Во исто време СЗО јавува дека во американската сојузна држава Алабама, има откриено девет случаи – кај деца на возраст меѓу една и шест години – кои биле тестирани како позитивни на аденовирусот.

Хепатитот е воспалување на црниот дроб кој е витален орган во човековото тело, меѓу другото и затоа што ја обавува функцијата за прочистување на крвта и затоа што се бори со сите инфекции. Воспалувањето може да го зафати и поремети функционирањето на црниот дроб, а болеста може да прерасне во тешко заболување, во зависност од причините кои ја предизвикале.

Некои видови хепатитис се умерени, па и не бараат посебен третман, додека други може да прераснат во хронични, па да бидат и фатални за заболениот пациент. Често се случува да се добие од вирусот на хепатитис што се јавува во пет типови – A,B,C,D и Е.

Нема врска со корона вакцините

Во британскиот случај, што тамошните власти прв пат го обелоденија на 12 април, станува збор за заболувања кои се регистрирани кај мали деца – сите на возраст меѓу две и пет години. Кај некои било забележано акутно откажување на функцијата на црниот дроб, па за „мал број деца веднаш било препорачано да се изврши трансплантација“.

Она што ги збунува британските лекари е сознанието дека кај сите заболени не се најдени траги од досега познатите вируси кои го напаѓаат црниот дроб. Лекарите, но и научниците сега испитуваат – дали како причина за болеста кај децата може да бидат други вируси, вклучувајќи го и Ковид – 19.

Она што, меѓутоа, со сигурност се знае кај случаите во Британија, тоа е дека „мистериозниот хепатитис“ НЕ Е ПОВРЗАН СО ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОРОНАТА. Ниту еден од досега регистрираните 74 случаи на деца заболени со непознатиот хепатитис, не може да се врзе за било која од вакцините, затоа што ниту едно дете не било вакцинирано.

Се вели дека болеста, во еден број, би можело да се поврзе со аденовирусите, а тоа се вируси кои обично предизвикуваат блага форма на заболување, па најголем број од луѓето се опоравуваат без никакви компликации. Но, засега НЕ СЕ ЗНАЕ што точно го предизвикува овој хепатитис кој ги напаѓа малите деца.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе