Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Киев и Москва имаат (пробен) мировен план“

Fotoreserg/Depositphotos.com

„Киев и Москва имаат (пробен) мировен план“

Украина и Русија веќе имаат изработено мировен план – што се означува како пробен – со кој се предвидува прекин на огнот и руско повлекување од украинската територија – открива, обично добро информираниот, лондонски „Фајненшл Тајмс“.

Според весникот, кој се повикува на – како што вели – три извори, вклучени во преговарачкиот процес – планот би можел да се операционализира доколку Киев се согласи да прогласи неутралност и прифати да ги ограничи своите вооружени сили.

Нацрт – план од 15 точки

Пробната спогодба предвидува откажување на Украина од својата амбиција да биде дел од НАТО, како гаранции на властите во Киев дека нема да одобрат уредување на странски воени бази, или примање оружје, во замена за заштитата од своите сојузници – како што се САД, Британија и Турција.

Всушност, станува збор за некаков нацрт – план од 15 точки, во кои се содржани рамките за една посеопфатна мировна спогодба.

Високиот советник на укранскиот претседател Михаил Подољак во изјавата за „Фајненшл Тајмс“ рекол дека секој и било каков договор, мора во себе да ја содржи клаузулата за тоа дека „воените сили на Руската Федерација ја напуштаат територијата на Украина“.

Откритието на лондонскиот весник доаѓа по (видливиот) пробив во преговарачкиот процес, на почетокот од оваа недела. Особено откако претседателот Володмир Зеленски изјави дека – “Украинците знаат оти нивната земја нема да стане членка на НАТО“, а секогаш незадоволниот и критички настроен руски министер Сергеј Лавров, навести дека има знаци за можноста да се направи компромис, иако и во таа прилика рече дека дијалогот е „тежок“.

Гарантиран неутрален статус?

Во тоа меѓувреме се појавија и првите, понудени конкретни решенија. Се покажа дека Москва заговара Украина да стане неутрална земја – по углед на Австрија, или Шведска. Официјален Киев, меѓутоа, преку изјавата на Зеленски порача дека нема да има ништо од тоа, доколку зад неутралниот статус (на Украина) не стојат гаранти за мирот – кои во случај на воена напад, или инвазија – би интервенирале, за одбрана на украинската територија.

Весникот сега тврди дека (изгледа) е постигнато и некакво порамнување, барем кога станува збор за овие две позиции од пробната спогодба, со приближување на позициите на двете страни.

Москва, како што јавуваат, тамошните медиуми очекува работите да се разреши во следните неколку денови. Тамошни високи функционери имаат речено дека „претстојните денови се историски и судбински за иднината на Русија“ – не давајќи притоа подетални објаснувања. Од Киев, пак, никој јавно не споменува ништо околу територијалниот интегритет на Украина – во врска со анектираниот Крим и отцепениот Донбас.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе