Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

ТВ водителката го истерала гостинот

K1

ТВ водителката го истерала гостинот

Белградската ТВ водителка Јована Јоксимовиќ, во текот на емитувањето на утринската програма на локалната телевизија К1, влегла во политичка расправија со гостинот кого го повикала на разговор, откако тој почнал да ја критикува власта на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ.

Кога не успеала да ги спречи неговите коментари за власта, но и за сите оние кои „дебело“ се имаат офајдено од блискоста до владејачката парија и нејзиниот лидер, таа грубо го истерала од програмата и од студиото.

„Срам да ви е. Како можете да зборувате за работи кои не се тема на овој разговор! Ако продолжите, веднаш ќе ве избркам да си одите” – му рекла Јосксимовиќ на својот гостин, лидерот на српското движење Ослободување, Млаѓан Ѓорѓевиќ.

Кавга за Вучиќ и Танјуг

Гостинот и возвратил дека таа не може тоа да го направи, но се покажало дека налутената и воинствена водителка (уште и политичка противничка) е далеку помоќна од него. Веднаш побарала од режијата да пуштат – реклами, за да за момент се прекине програмата – па, го набркала гостинот од студиото.

Инцидентот за кој во Белград велат дека не се сеќаваат оти било кога порано се има случено, стана хит на социјалните мрежи.

Прво, затоа што неговата заднина е политиката и тамошното предизборие. Второ, затоа што водителката скокнала во жестока одбрана на претседателот Вучиќ, со кого инаку политички е мошне блиска и трето, затоа што Јована Јоксимовиќ не е било која водителка. Таа е една од оние за кои се тврди дека се имаат офајдено од актуелната власт.

Таа е сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ кој, инаку, ја има купено, велат, под сомнителни околности, некогаш познатата и новинарски квалитетна југословенска агенција „Танјуг“, именувајќи ја својата сопруга Јована – за главен уредник, иако таа нема никакво новинарско искуство.

„Политичка награда“

Всушност, освен за српскиот претседател, домаќинката и гостинот се скарале и околу преземањето на Танјуг. Според Ѓорѓевиќ продавањето на агенцијата на брачната двојка Јоксимовиќ, требало да биде политичка награда од власта.

Белградските медиуми ја пренесуваат расправијата пред ТВ камерите и од тоа може да се види дека водителката почнала да се лути кога гостинот почнал “лошо да зборува” за Вучиќ. Се обидела да го прекине, објаснувајќи дека Вучиќ не е присутен – за да му одговори – а, потоа и дека тој не бил тема за која се разговарало.

А кога, Ѓорѓевиќ рекол дека “тој (претседателот) е насекаде присутен, па и во К1 телевизијата“ – „пукнала кавга“. Гостинот, притоа, го споменал купувањето (од државата) на Танјуг, правејќи алузија за блискоста на двојката Јоксимовиќ со шефот на државата. Веднаш потоа, Ѓорѓевиќ бил грубо избркан.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе